Јас ги читав и двете додека бев бремена. Водичот за породување е многу добар објаснува како да се подготвиш последниот месец за во болница и што се случува таму. Бидејќи ми беше прва бременост многу ми помогна. Не се сеќавам на цената можеби околу 300 денари да не те излажам лани ја купив. Пишува ској месец подетално за развојот на бебето,како да го играш, за храната, спиење,капење.
Околу 580 денари. Еве вака на слики види, колку што ја разгледав има за секој месец што е нормално да се случува а што не, препораки, совети и сл.
Ја почнав Водич за породување, многу добра книга, ја пречорачувам. Има објаснето детално се за 9ти месец во однос на лекарски контроли, ризични бремености, најчести прашања на трудници и одговори, за бебето што се случува во 9ти месец и кои испитувања се прават... До породување сум има за контракции, напони и сл. У глобала ми се свиѓа книгава ептен. Околу 400 ден беше.