Јас ја зедов дуплата, не полнетата туку дупли памук е…убава е дебела е, тешка, кај нас сега е најладно, кога грееме е потопло од сега…само голема ни е, ама ќе ја стигниме некогаш
Од Next како се бројчињата? Дали одговараат на возраста? Сакам да нарачам па гледам дека доста порачувате тука и ми треба искуство. Thanks
И јас само ги гледам баш се убави ама многу скапо е се што ќе прашамсега последно едно дводелно комплетче 2800 а како за секој ден и пак се откажав до следно прашување
А таму се џабе Јас имам другарка во Малта и кога доаѓа она си порачувам кај нејзе и ми носи, навистина голема маржа става женава што продавам, ама си продава у велико што па да не
Фала ти @Estella и јас имам прашувано неколку пати ама се некако рано е си викав а многу им се убави моделите Скапо е знам ама пусти мерак
15-20% маржа става. А тоа е нормална маржа во трговијата . Јас си бирав директно од страната сега кога нарачував и се гледаат сите цени. Тебе ти доаѓа ефтино од Малта дека другарка ти не плаќа ни царина ни ДДВ. А оваа што продава има да плати 5% царина 18 % ДДВ. И превозот не знам колку е точно
Повеќе става, барем за некои работи што сум прашала околу 30% и е марката . Која трговија кога продава од дома , онлајн, нема никаков трошок , освен царина и ддв. Ама сепак нејзино право, ако ти одговара земи ако не , не
Чисто се сомневам дека ги нарачува овде и дека плаќа царина и ддв , 50% маржа не ги спасува така. Па скоро сум сигурна дека некој и ги носи од странство кај што не плаќаат ни ванземска сума за транспорт ниту царина ниту ддв, на граница проаѓаат ко ние од Грчка после шопинг. Ќе направам споредба со мојата нарачка баш и ќе пишам.
Сигурно се чудат како така наеднаш толку нарачки хехехе, и јас нарачав со бувчиња, стварно е голема вреќата ама ќе ја користиме и следна сезона
Сигурно си во право, јас знам жени што работат онлајн, мажите им се претежно шофери на скании по странство, и они ја зимаат робата, ќе ја пикне во сканијата, нит царина,нит данок, чист ќар се
Викаш толку лесно е некој да ти носи вреќи со алишта?Само погледни и' на стори колкави трупови алишта имаше во последнава тура . Над 10 полнети јакни и преку 10 пара чизми , па патики ... Шо знам дали е така лесно тоа све нон стоп да се шверца. Па и маж и да е шофер , тоа е огромен ризик , да го фатат има да го изгорат . Ај еднаш да прошверцуваш , ама три пати месечно ...шо знам. Не битно . Жената си има муштерии и си фура Он Ногу јадеМЕ ама и ногу какаМЕ