Супер ми личи, со здравје да си спие и да не се буди на шушкање А да ве прашам зошто со ногавички уствари, што ви е попрактично? Сега се мислам каква да земам јас, мојава чорап не може да смисли ќе треба да е боса, а башка ако стегаат.
Е да, на ова мислев, широка е ради комоција ама ноџињата се слободни. Супер е. Слатки сништа беблаче слатко и остај ја мама да си праи кафе во кујна. П.С. не е на одмет да ни забаат на вреќите за мирни сништа
Претпоставувам со ногавички за тие што одат веќе, па да можат да станат сами Мојава е 6 месеци, нарачав без ногавици за да не и облачам чорапи. Инаку читајќи тука, порачав најмала величина ваљда нема да и омалецне до крај на сезона
Леле супер сте вие. Мојата супер спиеше во класична дур не почна да лази и се исправа. Сега нема шанси иако не е проодена Може и оваа со ногавици нема да ја сака
Јас имам впечаток дека е поголем калапот. Често купувам од таму и пример за ќерка ми 6 - 7 од други места и се точни, од таму комотни...
Фала ти Со ногавички земав дека акробации прави во спиење и се си мислев дека ако земам без нема да може и ќе се нервира и ќе се буди Моето нема проблем со чорапи па можда подобро е да си земеш без ногавици. Фала ти многу мајка, да се враќаат мирни ноќи без ич будења што поскоро
И син ми не е прооден ама лази и се исправа и не знаеш што све прави и во какви позиции го наоѓам, се рола насекаде Можда немаше да му е проблем без ногавици ама што е сигурно, сигурно си е
Ние последно му земавме вакво точаче од littleone.mk и не се одвојува од него https://www.littleone.mk/kinderfeet...iny-tot-plus/kinderfeets-tiny-tot-plus-bamboo