Па со оглед на тоа што ќе ни е прво бебе, врска немам . Страв ми е да не му е ладно, иако знам 21/22 е идеална температура, ама пак...
Ок, благодарам на советот Ме искаравте, хаха, ама стварно и тоа што знам веќе не знам . Ке се прештелува климата, најмал проблем. Туку за вреќава сега каква да се земе ?
Јас три дена пред НГ се породив . Не сум го ставала во вреќа . Првите 3-4 мес Не мрдаат . Кога ти е термин тебе?
Не е правило, мојата баш тогаш мрдаше, вреќа ме спаси, средна дебелина без ракави. Од 3 недели и ја наврев. Еве сега помирно спие. Иначе мајка, ако сакаш дете врукици да спечали, 26 степени ти е идеална тт Иначе не. Моето бебе е родено на 5ти јануари, температурта си беше стандард 20 - 22, преку ден боди на прерамки + памучни шпихозни, навечер плус вреќа без ракави.
Земи си зимска без ракави ама сега да го ставаш у неа топло ќе му биде, па подобро земи си од 3 до 6 за тогаш да ја користиш реално повеќе. А од друга страна па ако ти е топло дома, ти си знаеш како е реално, земи од овие дуплите само, не полнети, ќе ти врши работа. Јас имам тенка и дебела, ама дебела не полнета туку како плишана му иде, мислам дека маста им ја извадив. Е после зимав дебели полнети, до 5г спиеше во вреќа, зимно време дебели, летно шиев од материјали тенка летна, раат работа.
Дали некаде има производи на брендот George освен George kids? Многу им се високи цените. Порано имаше tiny baby shop.. сега претежно Primark носат...
Моите ептен беа активни со нозете, ги креваа и ќебенцето им идеше преку глава. Само преку ден ги покривав со ќебенце/тетра, за навечер вреќа. Не ми се дежураше.
Ооо, не сум знаела дека има бебиња кои првите три месеци мрткаат. Моето Не трпкаше шо се вика Ама затоа сега акробации прави Тесни му се веќе креветчињата
Лол, ме изнасмеа за малечката невеста, од кај ти текна. Да, како шпикозни се, со ракави и ногавици, ќе ја сликнам да ја видиш. Бај д веј, син ми ја мрази, за жива глава не сака да влези во неа ни за проба. Не знам што ќе правиме на зима Едит: повели
И оваа ли е од Нанам? Се приклучувам на фамилија Вреќици за спиење Мислам дека е до ракавите проблемот. Моето не ги сака ракавите, среќа па се вадат и така нема гајле. Ако се вадат и вашите, пробај така.
Ајде ќе пробам без ракави, моето дали случајно се погоди или од вреќата е ама од кога ја носи многу почна немирно да спие..дали му е топло или што е не знам
Не, оваа е од ваикики. Кај нас проблем е шо син ми не сака облекување, ни ракави, ни ногавици, ни чорапи ни ништо. Исклучок се само патиките, оти тоа значи дека ќе одиме надвор. Уште е топло за спиење во вреќичкава, дебела е, ама на зима ако има рестрикции со парното, ќе се мотаме некако во неа.
Од кое Ваикики ја зема, не го видов овој дезен во Капитол, ниту Ист гејт? Моето лани вриштеше кога ќе му ја облечев вреќата од Ваикики и се препотуваше во истата секунда. Да видеме како ќе биде грејната сезона па ќе барам подебели вреќи ако треба.
Абе нејќе ни моево да се облекува ни за мајка Јана, ама до ракавите некако се голта вриштењето. Кога ќе дојде ред за ракави облекување ја крева цела куќа у вис. Затоа се откажав од ракавите на вреќичката уште одма P.S. Баш убава дебелка личи, нашава зимска ја кажуваат ама сега ја носи малиов (тт во спална ни е под 18 ноќе сигурно, ладна е куќава). Барам подебелка, баш како вашава а на Нанам немаше. Ќе барам во Ваикики тогаш, благодарам