Од сити мол. И не ми се верува дека во сити мол има дупло повеќе облека отколку во ист гејт. Со еден ден разлика бев, во сити мол и вреќи за спиење и зимски јакни и тренерки имаше, а во ист гејт уште купачи и летна гардероба имаат. Исто и во зара имаше повеќе избор во сити мол.
Дали некој нарачувал од fourseasonskids на instagram и како сте задоволни од квалитетот? https://instagram.com/fourseasons.kids?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Овие ги имам земено од таму . Ги пиши органски памук. Како да не , скроз "обичен" памук , ништо посебно. И не ми стигнаа за 10-12 дена туку за 3 недели
Чорапчињата 399, шпихозните 1199. Од шпихозните имаше и бело, преубаво беше ама беа останати само две и беа поголеми бројчиња (за 18 месеци мислам).
Го гледав на страната на Zara се мислев дали да го нарачам. Како ти се допаѓа по квалитет, дебелко ли е?
1290 денари е од Зара , има величини од 0-1 до 6-9 Меканко е многу мислев дека ќе е покрут материјалот не е премногу дебело ама не ни премногу тенко таман ми изгледа плус под него да е облечена доколку сакаш и за зима да го користиш. Вреди за парите
Малку оф топик. За зимско бебе јануари/февруари ваков скафандер повеќе би одговарал 56ка или 62ка големина? За земање од болница и веројатно доколку има потреба од посета на педијатар првите недели?
За во транспортер возење подобро земи јакниче и ќе го покриеш со дебело ќебенце. Скафандер можеш за шетање со количка.
Јас имав ваков за малата кога се роди, во јануари. 0-3 мес зедов величина, таман и беше до март. Зависи и бебето колкаво ќе се роди, ама од 3-6 па да не е како преправено во него. Убаво, топло е скафандерчето.
Јакниче за мало бебе ич не е практично, се изместува, се лизга бебе, плус со патенти ако е ќе пречат, а и 56 многу ретко се наоѓаат јакни, скоро ич. @Miss_S јас би одела со скафандерот, и полесно за соблекување и мекичко за бебе, а за бројче одлучи сама, мојата 56 надрасна за 2 недели, секое бебе различно расте ама па послатки се во точно бројче, да не се губи во него @Anika55 преубави работи, ќебенцето и зајко од каде?