Јас би ти рекла дека не ти треба ни скафандер ни јакна. Дебело ќебенце за секаде ќе ти врши работа. Моето крајот на авг се роди, имаше и скафандер и јакна за зимата. Во скафандерот вриштеше штом ќе го облечам, еднаш само го изнесов од дома во него. Јакничето го носеше кога беше потопло. Онака цело време го носев во ќебе, а и кога беше ептен ладно освен за до лекар и за на гости (во кола и до кола), не му требаше скафандер. Во кола е секако топло, ќе се свари
исто, мојата е зимско бебе, декември родена, освен ќебе друго не сум користела, ни јакна, ни скафандер, скафандер имав и еднаш и го облеков од мерак
И ние шетавме зимно време, гледав само да не е надвор поладно од -5, бебето ми е родено во Ноември па никогаш не користев скафандер. Мирни се додека се толку мали а и надвор само спијат, јас го покривав дали со дебело плишано или со потенко зависи од времето. Некогаш ако нејќеше да се облекува па и во плик ќебе го шетав.
Зависи колкаво ќе се роди. Јас земав 62ка. Во декември е родена. Ама скафандер да знаеш во транспортер не се става. За од болница и за по прегледи во транспортер ќе си е по долги во 2 слоја, капче и зимско ќебе. Јас стално облекував скафандер за шетање во маало, а по потреба и плус ќебе, ама фатив ептен зима јануари, февруари, па и март.
Поради безбедност. Во случај ако дојде до сообраќајка бебето може да излета од него бидејќи е пуфкаст. Плус може да се претопли.
Аа тоа ок за во кола секако и топло е. Пример за надвор со количка во транспортер за шетање во скафандер има некој ризик?
Не сум го користела така, само во корпа ги возев во скафандер кога било многу ладно, но мислам дека не би било проблем и во транспортер, секако да е врзано правилно бебето.
Супер ти благодарам. Планирам и во корпа и во транспортер да е во скафандер зимото кога ќе е ладно. Во кола секако ке го соблечувам
За во кола заради безбедност, а исто и се рачуна како слој дебела јакна. Ама зимото и мене ми се случуваше да е во количка на неа транспортер ама не покриена пример. Зависи од температура ќе видиш, ама да знаеш дека ги топли и самиот транспортер па да не го прегрееш.
Не сум во Мк, а овде зимите се многу ладни, мислам дека баш ќе ми се најде. Сепак прво дете, ајде ќе видеме како ќе биде
У сити мол имате попусти на се, скоро во сите продавници. И во Зегин исто, на сите колекции бебешки, памперси и на се друго.