Првиот шопинг за Бејби. Маслинестите шпихозни, бодито микимаус и новогодишното. Сите 3 за помалце од 1000че. Ги сакав и овие Лил бро ама нема бројче, може понатака да ги нарачам поголемо бројче. Нешто и баба донесе од некоја продавница што се затварала за ил пари и мислам дека нема да купувам повеќе. Евентуално тој скафандер што ми е на мисла да го најдам.
Од Литература.мк Па мене ми се допаѓа, квалитетно е изработена, има весели илустрации, место за сите важни моменти, плус за секој месец до годинка. Еве неколку сликички во прилог
И моето е декември на крај родено, не фрлај пари за џабе од сега, убаво облечи го,стави капче, дебело ќебенце и доволно е за 5 метри од болница до кола. Самиот транспортер го шрити и го топли од сите страни. За понатака ќе си купиш и ќе знаеш кое бројче ќе ти одговара повеќе или дали воопшто ќе ти треба скафандер со оглед дека зимиве не се толку ладни каковпорано. Со лесно мајка, не брзај со купување се наеднаш, се е брзо достапно, што и да ти треба се купува одма. Совет од нас што сме купиле сто ствари пред време а не се искористени воопшто.
Мајки пишав и на Нанам, ама ми немаат вратено па да се консултирам тука. Каква вреќа да нарачам за 2 месеци бебе и температура ноќе од 22-23 степени? Насабајле може и поладно да е, ама не многу колку за најдебелата. Дали да земам без ногавици или со? Ми е страв со ќебе веќе, мрда многу со рачињата, ама дали ќе е безбедно и со вреќите ако се толку поголеми. Или на друго место да барам помали?
Потенката ќе ја порачаш, без ногавици. Ќе може во неа да мрда, има доволно простор. Зошто да не е безбедно? Моето лани цела зима спиеше во вреќичка, и сега исто ќе спие кога ќе залади.
Јас ја земав 0-6 (моето е 3.5 месеци) потенката за во соба со 23-24 степени. На ниедно друго место не најдов потенка а мала. Земав класична со ракави(сега ги имам извадено), облечена е само со долги шпикозни и ми делува дека и е погодено спиењето
@nevermet18 нема да се крева нагоре ако е многу голема накај лицето? @le.dentiste класична без ногавици имате?
Потенката. Можеш со ногавици од 0 до 6 големина. Секако сега ќе е мало бебето за да ги протнеш нозете но наесен ќе е таман со ноџиња.
@kristina.k Јас прво земав 6-18. Мојата е 74 цм и пливаше во неа. Не можеше да се движи. Па ја заменив со помалата и е ок.
Мама или твоето е помало од што мислиш или моето е поголемо од што мислам. Една од нас не знае да си го измери детето, а можда таа сум јас. Не може да се само 3цм разлика. Мојот 77цм, од 6 до 18 му е таман.