Пишав пост , па од после ги видов топлинкиве. Кажувај од каде, што колку Моево нит чорапи сака , нит патики Да пробам со вакви
Моето уште не е родено ама имам купено доста работи од Next нарачани преку Џорџ кидс. Вака ми изгледаат нормални на возраста и на моделчињата од 0 до 3 месеци пишува дека одговараат за бебиња до 6кг.
Дали некоја од вас има нарачано облека од Next директно преку нивната страна и колку царина плативте?
Јас ама не платив ништо дополнително, но нарачката не ми беше голема. Сега пак порачав нешто ситно, чекам да стигне. Но имаше членка што плати и царина и лежарина.
Ќе те чекам сега најтазе искуство да пишеш кога ќе ја добиеш нарачката. Сакам да споредам од каде повеќе ми се исплати да нарачам, дали од страницата или преку Џорџ. Им пишав на Џорџ скоро за едно комплетче кое на официјалната страна е 22фунти (25еур), тие ми даваат цена од 2400ден, многу голема е разликата Инаку за колку време стигнуваат?
Претходната ми стигна за една недела, сега ја чекам веќе 10 дена. Но не порачувам од next.uk туку од страницата што врши достава во Мк, nextdirect. И таму се поскапи од англиската и плус достава 10$.