Убави се ама скапички излегуваат. Јас конечно се решив и сменив земав од Слипи натурал исто 99% вода, и добри се
Па да ти кажам земав за проба, читав на српски групи многу задоволни и земав. Искрено од влажните сум им задоволна, од пелените бев задоволна па ваљда и овие се убави. А за секој случај ќе земам и некое друго, мислам Корин, мене убаво ми мириса тоа, па ќе видиме. Не можам да се опуштам со Веледа и Мустела, прескапи ми се. Да, скапи се, искачаат некаде 80ден пакетче, ама за разлика од другите многу побавно се трошат бидејќи има доста во нив, не се лизгаат како другите и и ние дома ги користиме и ако на Виолета ги користам 5 дена до недела едно пакување, овие ми траат и по 2 недели. Едно пакување од 4 пакувања, така идат по 4 залепени, месец ипол ми трае а некогаш и повеќе, 2 возрасни ги користиме и дете. Направив споредба, земав минатиот месец Виолета, ни пола месец не ми истера едно од 3 пакувања, епа има разлика. Ми се смееа колеги, ти богаташка со влажните, они купувале од Стокомак некои 3 за 75, и викам колку ви траат, па само за нас за детето зимање Виолета, и пак не ни проаѓа месецот. А тие од Стокомак се страшни, за ништо не ги бива.
По 1200 денари секое. А за величината вака од око изгледа дека одговара, ама не знам сеуште, ќе ги носиме дури за два месеци
Па што знам, сега почнав со слипи, баш ќе споредам колку време ќе ми траат, 3 паковања по 60парчиња се овие околу 180ден. Дека се убави, убави се бебилов 7 месеци ги користиме.
Јас па тие ги земам добри пола година дена и топ ми се. Убаво влажни се, ама малце помали се во димензија.
Мене не ми се убави, се развлекуваат, се лизгаат и не можеш убаво да избришеш, а да не збориме колку смрдат на парфем. За новороденче баш не се.
Влажни со 99% вода има и од Виолета и често се на попуст. Јас скоро до 3год ги користев тие,ем дебелки ем не предизвикуваат иритации. Исто и Baby care сега приметив дека се добри,околу 60ден ги купив,слични се со Виолета.