Многу е убаво. Ако сакаш да ми кажеш која цена се во Зара и дали има и други модели без стапалца? Никако не успевам да ги најдам на страната или на апликацијата на Зара... :/
Ти благодарам Јас онлајн го нарачав, на апликацијата ми стои дека има и кафено. Ова е 1290ден. Без стапалца мислам дека нема. Имаме и розево од ХМ ама и тоа е со стапалца. https://www.zara.com/mk/en/share/-p..._iOS&utm_source=red_social_movil&v1=219492923
Размислувам за порачка на ваков ранец баш онака за поголеми работи, за работите за од болница да ги спакувам во него или кога ќе сме на повеќе часа отсутни. Дали би собирало доволно за така, бидејќи физички нема и кај да видам? И дали е подобро со корпа вака за преслекување или нема потреба од истата? Со тоа што би ја користеле преретко барем колку што сега си замислувам. Со количката ќе добиеме ептен мала торба, плус од моја другарка меко ранче како за во градина. Така да за повеќе опции да сме спремни.
Овие што се со дел за преслакање се помали, подобро земи си без, да знаев дека е толку мало и јас немаше да земам со тој дел, ама вака како квалитет прекрасна е. Така да земи си слободно само без тој дел.