Ме заинтересиравте овде со шумишот и ај да отворам да видам и да ви кажам право шлог ме мавна. 3000ден за едно играче минијатурно... Дали јас сум луда или не знам, али на нас родителите, малите деца и бебиња, некој опасен бизнис си прави. Може сум досадна со темава, ама цените се страшно високи на се. Шишиња, пелени, гаџети, се е отидено у плафон, али вакви работи да ги продаваат волку скапи, стварно ми е чудно. Едно бебе се да му купиш што му треба треба да работиш 3-4 работи за да ти стигнат парите, ако не отиде јабана.
Многу пати сум го помислила ова. За син ми само за бањање козметика, 2 работи 3000. Пелени, градинка, витамини (исто така прескапи кај нас), облека која постојано се менува, па нели храна за нив, за син ми особено секогаш гледам се да е свежо, а се е изгор, па не дај Боже кога ќе се разболи, додека го долечам, ми одат пари како да ги наоѓам по пат. Не жалам, да не се сфатиме погрешно, но еве, јас сеуште можам да си го дозволам се ова, што треба одма да купам без да се мислам дали ќе соберам крај со крај после ама има луѓе кои не можат. А посебно дечињата што се на ад или што многу често се разболуваат. Како луксуз веќе станува деца да имаш.
Кај нас е прво бебе и да, дел од работите ќе ги добиеме од роднини, веќе користени, дел нови ќе ни купат ама сепак голем дел останува на нас што и не е така мала сума. Пред некој ден во продавница гледаме работи со сопругот и си коментираме уште ова, она ни треба, уште многу работа и добиваме еден арогантен коментар од продавачката, со висок тој кој вика, што со мислевте вие ко правевте бебе??? Така лесно е да го спремиш и гледаш? И цела лекција натаму Он топик некои ситници
Јас со мајка ми потрошивме 17.000 денари на козметики аптеки и ситници . Не му се верува сеуште.!!!!!!!! НЕ ми се верува . Прескапо е.
Ние баш пред некој ден си мислиме во еден месец ни доаѓа седиште за кола, столче за хранење што мора а би сакале и беби камера и транспортно креветче... а кај се тековни трошоци.. плус млеко земавме од дм дека го снемува често за 2 месеци залиха и тука 100 евра отидоа.. Јас не знам со минималец како луѓево тераат деца што имаат... И тоа се што купуваме не е нешто нај луксузно туку така просечно.
Едно играче плишано што испушта звуци, бели звуци, делува смирувачки кај бебе. Нели да не е телефонот блиску до него. Фина работа, не дека не, ама за толицко чудо 50е да ги фукнеш, па многу е.
Вакви па коа ќе се најдат паметни да мудруваат и да се замешаат секаде мајко мила неможам да ги поднесам.Дали од хормониве незнам ама последниве месец дена неможам да преќутам ништо,ја да бев таму сигурно сигурно ќе и зинев една уста да си гледа работа,место да иде по мене и да наслушува муабети, неандерталци А цените у плафон се отидени за се,за разлика од пред 4 години кога ми се роди малиот ова сега што го гледам страшно е која разлика ја има а уште ќе се качуваат
Јас за золва ми купив такво од Крш, 1.600 денари. Ги има тие бели звуци и плус како прожектор е. Мекано е целото мислам у форма на глувче си брка работа иако не е фамозното Шумиш. Ќерка ми нит Шумиш знае што е нит па заспивала со бели звуци, фала Богу дуфташе ко заклана. Некад и ние родителите претеруваме со сенешто покусо да не остане нашето од другите. По мене си знам, прееска ми драмеше маж дека сум трошела многу на глупости. Иначе ок ми е до негде идните родители да се спремат со време на давачките што ги носи новиот член у куќа. Кога на раб колега ми збореше дека месечно за бебе идат по 10.000-15.000 не верував додека не осетив на своја кожа. Па едни Колиев капки што траат 3 дена беа 600 -700 денари а у месецот Бог знае по колку шишенца сме трошеле. За витамини, пелени и млеко ич муабет да не праам..
Ма за 3000 ќе шуштам јас ако треба Не шала на страна да имам пари веројатно би го купила, ваљда брка работа, шо знам. Али да, дојде време да се крстиш да цица оти ако не цица отидоа месецов 1000е само за млеко, кај е пелени, козметика и медицина, капките се 300инешто за 1 месец, оние Д3 плус К, што викаш ако го мачат грчеви, ќе се откостиш од пари давање за капки за грчеви, ами растат ко квасец, ако немаш гардероба треба и таа да ја купуваш. Јас моментално перам на Бејби алишта од бато, имам за уште 3 бебиња ама пак мерак ми нешто бар да му земам да има новичко, сакам да го изнесам во ново од болница, нешто убаво, да го дотераш за со елка сликање... да сме само живи и здрави...