Некоја дан има купено постелнина од бисер онлине шоп мк да сподели дали се добри има убави бебешки постелнини ама ми е шубе да купам не дека се нешто скапи ама не сакам да ризикувам.
Ме пресмеа Ангел Пред 3 години имав бебе ова време исто и се беше и тогаш скапо. Сега пак истиов период 3 години подоцна пак со бебе и се е каде каде поскапо од тогаш. Нек се само живи и здрави за нив работиме.
Синсеј враќаат пари или само замена? Имам скафандер 80-86. Па ме интересира која е претходната бројка 68-74 или 74-80?
Според тоа што го имам земано до сега 74-80 е претходното бројче. За замена/враќање пари не знам каква им е политиката.
Абе не и е скроз голем ама комотен е. Долу ногавиците ако се потпрчат ок би бил т.е. и тогаш би бил комотен
Тие што ги земав не се од таму, веќе имав земено од друго место но убави ми беа тие што ги видов. @brm_brm може да ти каже повеќе за цена и слика.
Не е моментално кај мене да го сликнам. Ама убави се со капуљача и ластичиња долу на стапалцата. Има розев со звезди и тегет со звезди. 1190 денари е.
Претпоставувам е 30 дена? За тие пари супер е и ќе почекам ако донесат помало бројче. Пошто не сакам да ми се сопнува дете надвор пошто оди. Ај кога е мало не е проблем да е поголем ама вака како космонаут ми е. Па и дека е поширок модел.