Со закон е 15 дена, ако производот не е оштетен или употребен мора да ти врати пари ако сакаш или па ако сакаш да си замениш. 30 дена има вајкики знам, ама тоа е нивна политика, може има и синсеј ама најубаво таму да прашаш.
Баш сега на нет отворив. Бројчињата се 56-62, 68-74, 80-86, 92-98. До тој степен сум шо не спиев цела ноќ. Хахахах. Ќе одам да го споредам 68-74 да видам колкав е. Мојата е 73цм, ама бројчево 80-86 некако ептен и комотно. Гарант ќе се сопиња со него.
Сега гледам на различни скафандери, различно им е означувањето на големината. Некои се баш така како што ти ги пиша, некои се 74, 80, 86... Пробај и го дома да видиш како ќе и стои, ама облечи и нешто на нозете патики, чизми што и да има моментално. Помалото бројче, мало да не и е. Или земи ја женската со тебе нека проба таму.
Може ова ми се причинило, ама мислам дека скафандери, јакни и сл. ги прават покомотни односно земаат предвид дека испод јакната имаш маичка или џемперче, а не дека ја облекуваш директ на гаќи. Ние често си викаме да земам поголемо пошто одоздола ќе го натунташ, а тоа пак испаѓа ко во вреќа. Затоа може баш да и е таман бројчето што си го носи и да има место да и облечеш нешто испод.
Женската шо да ти кажам. Незнам од кој го наследи темпераментот. Темперамент и пол. Не можеш да ја сопреш а ни да ја облечеш. Абе ја пробав дома. Носеше блузиче одоздола. Ама некако во должина како да и е долго. И го подвиткав. Ама мене ми личи на космонаут . Може дека е ситна. А да, секако треба да е малку комотен. Секако треба да клекне да оди. Ако и е кнап ќе паѓа. Ќе не може да си клекне детето. Абе златно бебенце . Ќе ја пробам да ја пробам дома пак,до вечер. А баш е сладок. И за таа пара е екстра. Инаку од синсеј има јакна 74ка. Баш и е таман. А блузичиња 80ка.. Не може да биде повеќе измеѓу број нели
Не може да не враќаат пари, законски е да можеш да вратиш производ во рок од 15 дена, секако да стои етикета и да не е користен. Сите што одбиваат да го почитуваат законот може да им запретите со државен пазарен инспекторат и одма менуваат мислење.
Дали некој има искуство со оваа продавница. Во Струга се наоѓа. Не знам дали е добар скафандерот и не знам која големина. Бебе е 6 и пол месеци. Се мисла за 12 месеци дека ќе е таман за до крајот на зимата. Или некоја битолчанка да ми предложи некој бутик каде има скафандери.
Незнам истото ќе прашував Се зезнав ,имам од Карес тој држи.Сњ мислев овој или пак од Карес, ама го фалеа овој дека е ок и земав. Овој ставив млака , да и дадам млекце за пола саат мраз водата .
Како бе мраз ? Јас 10 месеци го користам . Денски чувам врела вода па ја разредувам со ладна. Навечер во 20 :00 ставам млака Азар за пиење и до сабајле до 06:00 ми стои таква млакичка
Не ми држеше. Скроз изладена. До пола беше полн, може треба до горе. Ама Каресот колку ставам, без разлика , си држи