Џемперчето од Pepco, тренерките, фустанчето и кошулката од локални дуќани од внатрешноста, тие скоро исти мислам ги има во секој дуќан турска роба што носи Ги има и на Бит пазар во продавничките за детска облека што се Втората слика C&a и reserved тие се поклони
30% попуст имаше, мислам до крај на месец е, па ми излезе некаде 280ден. Малечко е од 180мл со контејнер за ад или пак за молзено, многу ми се допаѓа вака ама ќе видиме здравје како ќе се покаже. Тие што сте користеле, дали да земам хѕ цуцла или со ѕ е ок?
Хелп! Онлајн страни за купување за новороденче? Со скратен цервикс сум и не можам да шетам, а 7ми месец си го терам, морам да почнам да си се опремувам, макар и онлајн…
Мапет, аптеките, Локо Кроко исто можеш да нарачаш по Карго мислам, пиши нешто бебе на Инста ќе ти излезат еден куп. И разгледувај на нет, па прати некого. Од козметика можеш на Зегин да нарачаш и така.
Вака штоо ми доаѓа на памет, за облека окаиди, зара, мапет, џорџ кидс, стандардниве енци менци, бебе хоум, бебесупермаркет, локо кроко, бејби центар...
Скоро се купував онлајн, пошто не можев да мрднам од болки трето тромесечие, е количката само ја земав од дуќан. А и откако се породив па добри 3-4 месеци курири доаѓаа кај мене секој втор ден. Ако некоја продавница нема онлајн страна, пиши им на фб или на инстаграм ќе ти сликаат ќе им се јавиш ќе им пишеш ќе ти спакуваат по некоја од брзиве пошти до дома и завршена работа.
Ваков тип ко со гипс има во џамбо само мали се рамките. А со отпечаток во боја имаш во тримакс, атлантик...разни големини и форми на рамки