Имам вакво слично, сестра ми од Америка ми го прати за мене едно од најубавите и искористливи работи. Да не беше ова незнам како ќе му сечев нокти, му го држиш убаво прстето кај ноктот и за 2 минути е средено.
Да, стварно е супер.. Ама детево мое не ми дава да го чепнам за жива глава.. Ако ништо друго, со ова барем има помали шанси да го повредам.
Спремни за лапкање. Се пријавуваме како уште едни фанови на Софи, од уста не ја вади. Ова се новогодишни поклончиња за другарчињата, преубаво изработени.
И официјално завршивме со купување. Ме разочара квалитетот на едното од парталчињата што ги купив од Мапетс и морав да купам нешто друго. Се заљубив во едно многу убаво боди со пантолонки ама ако го купев тоа за искачање од болница ќе ми мрчеа зошто во боди па затоа решив вака. А и слаба сум на ѕвезди, многу ги сакам. Башка што и ќебенцето што го спремив за покривање е со ѕвезди исто така. Тетрите од Стружанка се предобри исто така, засега најубав квалитет што сум начекала.
Од каде се топлинчињата? Упорно барам нешто за надвор, ама се што наоѓам е преголемо за 3месечно бебе