Од Гевгелија од бутик Сонце Од 1350 ден намалени на 975 ден , плус имав и купон од 300 ден да користам , па ми излегоа 11 евра За парите и те како се убави
Па сега земав баш за од болница и планирам боди, тенки шпихозни и овие, покриено со тенко ќебе одозгора и калчунки. Под кажувањата тенка памучна капа. За надвор е ова нормално, дома нема да го носи ова.
Јас го облекувам по боди на кратки, боди на долги, блузичка и два пара панталони, едни потенки (наместо хулохопки) и едни подебелки или тренерки. Ама тука е веќе минус, во случај да е над нула би облекла еден слој панталони само
Ауч ама слоеви Колку е минус? Јас и на минус хулахопки не сум облекла под скафандер . Зборам за дебел скафандер и на планина кога сме оделе. Мислам дека немаш потреба од две бодиња+ блуза. Не е едно доволно?
Мислам дека за машко е прегреано. Ама ти си знаеш нормално. Горе има 4 слоја облека, ако ставаш скафандер. Боди, шпихозни или комплетче и скафандер е сосема доволно дури и за на планина, едино може со дебелина на облека да играш, подебел скафандер, соодветен материјал и слично.
Па не знам досега не сум приметила да му е многу, претпоставувам ќе се испоти или ќе има брунчиња ако му е жешко или грешка сум? Минус 5 е и се водам по мене, јас носам долна мајца, блуза на долги и палто, на него му ставам еден ракав повеќе. Сега ме замисливте, многу ли е?
Премногу. Не мора да се испоти нит да извади брунчиња, али машко со 2 слоја доле и памперс, не ти е баш паметно. Не ми кажувај дека и скафандер плус носи. Гледај материјалот да е соодветен, ако дува да е во памук со скафандер кој штити од ветер, ако врне снег полнет скафандер кој ем ќе штити од студ ем од ветер, ако е мирно тогаш потенко... ама толку облека, ќе му ја уништиш терморегулацијата. Од искуство ти кажувам, додека не прекинав една зима да носам по 3 пара хулахопки и да се облакам ко ескимите, не се стоплив во животот, се бев премрзната. А се што треба е облека соодветна на временските услови. Како за тебе, така и за бебе, ти не носиш ваљда 2 бодиња туку боди и блуза, епа облечи му на него боди, блуза и скафандер.
Не носи скафандер, туку само такво бушаво што постира членката и не го покривам со ќебе. Патронажната ми рече на него да му ставам еден слој повеќе од мене, па затоа… Фала ти сепак ќе размислам за ова, прво дете уште се учам. Со форумот ќе го израснам