Овие искачаат поефтини и од Стружанка, таму се по 250 најевтиното. А убав памук се, имам добиено 5 и стварно се многу убави.
Да да, овие бејзикот вака во пакување ептен се исплатливи. И тие на првата слика од џорџ исто многу ефтино излегоа 7 за 1300.
Вака на прв поглед личи дека одговараат. Баш ќе споредам со другите дома што ги имам па ќе пуштам слика
А во продавниците на Зара каде им стојат бебешкиве работи? Неколку пати барм во Еаст Гејт и Сити Мол и не ги наоѓам
Во сити мол е во првиот влез кај децата скроз на крај до касите па лево накај соблекувални вртиш и одма тука има како гондола закачени се бебешките, а по рафтови се за поголеми бебиња.
Во ист гејт се збутани посебно бодињата, еднаш случајно ги открив а се утепав од барање. Од касата детска лево во едно како долапи во ѕидот беа бодињата што се спакувани, а другите ствари се на закачалки.