Гледам цело време пробуваш различни пелени Ке може ли да пишеш искуство од кои си најзадоволна? Ние користевме памперс премиум, сега бејби лав премиум и шо знам... Проблемот е што од страна знае да и истече, течна и е каката. Чисто да знам што да пробам следно Фала ти.
Од се сакам да пробам. Само puffies неам купено, ама од тие помало бројче од 4 неам видено.. И едно пакување Bambo имам неотворено. Од другите, се немам разочарано само од памперс и од бејби лав. Од овие daipers еве веќе неколку ставам и да ти кажам вака на прва ми се чинат супер (ама или немаат индикатор или јас уште не сум го нашла ). Кака ми имаат пропуштено само бекутан, а мочка скоро сите, а најмногу виолета 1.
Истото го имам мака. Нема мало пакување за проба. Бејнилов поголежа бројка земав, пак му протекува мочка по 3 пати ноќе. Не е ова нормално. Што ќе ми препорачаш, да е висока пелената горе и да упива во горнипт дел, значи подебела од бејбилов.
Јас со памперс мака немам, ми имаат пропуштено само еднаш-два пати кога сум оставала подолго несменета пелена. Кога менувам на три саати, не се случило ни памперс ни бејбилов да ми пропуштат. Еве ги по висина споредбено ако ти значи нешто, првите три виолета, бејбилов и даиперс се 3-6кг, вторите се памперс премиум, памперс актив и бамбо 4-8кг. Овие бамбо највисоки ми стојат вака. А за дебелина, бејбилов ми се чинат најтенки од овие сите.