Има месец дена ама скоро видов заостанати во Стокомак кај Зебра така да можно е и по другите да има по некое.
Го барав во неколку Стокомак и го немаше . Во други продавници беше сллчно по 1800 и затоа го нарачав
Дали почнавте да ја користите и како си задоволна? Мојава се на се 5 мин седи имаме од внука ми а се мислам дали да и порачам од бебехоум ама да не испадне џабе да лупнам пари
Два дена само го имаме, засега седи по 5-6 минути. И јас имав од внук ми ама ич не сакаше да седи во него. Овде боите се многу поживи, плус бувчето што е централно поставено има песнички и светлечко е. Времето ќе каже дали џабе ги лупнав парите
Да се прикчучам летечи последната една недела по цел ден седи во ова. Порано издржуваше неколку пати на ден по 10тина минути. Сега го обожава, а мама пресреќна. Му закачив повеќе шарени играчки горе, ама најомилено му е огледалцето. Па си зборува нешто во него, се кара па се смее и така во круг ќе отепа цел саат до дремка Дефинитивно вреди, ако бебе сака да седи, раат ми е