Не е најдобар Претходно имам порачано, целото стана упки уште на прво перење. Овие засега се добри, ќе видиме до кога. Ама имат преубави работи и не се воопшто скапи, не можам да одолеам
Јас ја имам симнато одамна апликацијата, се туфкам да нарачам, уште не сум нарачала ништо, има прекрасни работи ама на голем дел материјалот им е полиестер, а за бебе не ми се купува ништо што не е 100% памук. Ај баш сподели како ќе биде со овие моделчиња, можно е за моево да нарачам нешто за лето, чисто да пробаме и ние
Јас затоа порачувам нешто што ќе го облечи 1-2 пати, сега и костумче за свадба ќе порачувам од таму. Секако брзо ги расти и за такви несекојдневни алишта не ми се даваат многу пари. Ќе споделам за месец дена во каква состојба се