Не знам, за моето дете а ете и за на @Anika55 не е досаден. Ние пробавме повеќе релаксатори пред овој, воопшто не сакаше да седи во нив. А ако сме реални и тоа како е спешл, ниту еден друг релаксатор ги нема движењава, за мене е полн погодок.
Арно де не се возбудувај. Ти реков дека мило ми е што ви се погодил, си изнесов мое мислење. Дека е преценет и не вреди за парите. А дека е досаден, досаден е и тоа не можеш да го побиеш никако, топките горе се досадни и не се вртат сами, ти треба да ги вртиш. Движењата се досадни, не знам што гледаш спешл во нив најискрено, плус најголемата брзина пак е спора. Може за новороденче го бива првите месец дена, после јок. Баунсер пример бебево може само да се клацка, лулашка лула и интересни се, има со музики, светлечки ефекти и интересни играчки. Да сметав дека е корисен и го бива ќе го оставев за второ, ама го дадов во прва прилика. И не мрчам оти ние не го искористивме, тие што ме знаат по форумов знаат дека ништо не искористив, па не мрчам дека количката не ја бива оти син ми не ја сака. Напротив преубава е и си ја чувам. За мамару немам такво мислење. Поздрав!
До сега не сум враќала ама нема да е проблем ни во продавница доколку сте од Ск или Битола(мислам дека и таму имаат продавница) или преку карго и да ви сменат производ или да рефундираат средства на сметка нема да има апсолутно никаков проблем верувам . Сериозна фирма се,така да слободно нарачај си и ако има нешто за враќање побарај ги на тел ке ти кажат како што ќе се договорите (076350352)
Си го најдов мислењево што сум го пишала пред речиси 2 години. И еве ме пак во темава, многу се радувам Ова само мало сефте, од мерак