Ја нарачав од Kidsandcо. Ја гледав и на bookdepository и цената беше речиси иста и не ми се чекаше, па од таму нарачав други книги што ги нема кај нас. Ја почнав, засега многу ми се допаѓа
И ние ги имаме. Супер се. Материјалот е многу убав и мек. Јас сум задоволна. Само нас 0-3 ни беа големи на почетокот пошто горе се широки во вратот.
Да, прајмарк се. Ги нарачав од Tiny baby shop на фб. Цената за 7 парчиња со кратки е 1099 денари и 5 парчиња по долги се 999 денари. Има многу избор, фини се и брзо ги добив. Памукот е добар, мек. За квалитет допрва ќе видиме, малку поголеми земав, не ни се носени ни перени сеуште. На прв поглед мислам дека се со задоволителен квалитет, ама од Зара бодињата на пример тука се со цена, а се со многу подобар квалитет. Овие се помалку растегливи, со многу подебели рабови и некако ми делуваат пошироки од сите други бодиња што ги имаме.
Остите ги имаме Не стегаат, холухопка материјал се Јас има и други плус. Супер се. Само немам линк да ти пратам.
Јас нарачав за подарок € 5,15 55%OFF | 3-Piece Set Infant Baby Elastic Headband Jacquard Wide-Brimmed Nylon Bow Children's Hair Band https://a.aliexpress.com/_m0OgsE2
Се извинувам што ви се мешам. Од мое искуство, бодиња и шпихозни на H&M, Zara и Next се неспоредливо поквалитетни од Primark. Особено на Зара и H&M, и по не знам колку перења и носења се како нови, бојата на оние од Прајмарк уште по прво перење бледнее, памукот се "лушти", бројчињата им се помали од реалните во должина, а во вратот и доле кај што се закопчуваат се ептен растегнати. Други работи како маички, дуксери, тренерки им се генерално ОК, ама бодињата според мене им се лоши. Плус не се вадат флеките од каки, иако истата постапка ја правам и со нив и со оние други што ги имам, кај Некст, Зара, Х&М со едно перење излегува. Инаку некој во Македонија си прави сериозен бизнис со Primark и ги продава за дупла цена, јас директно од продавница овде кај што живеам ги купувам истиве комплети со 7 парчиња боди и по долги и по кратки ракави за 11€, ги купувам и откако ќе ги износи син ми ги фрлам, за разлика од овие другите што сите ги чувам. Повеќе искрено не би платила. Дури и Lupilu (на Лидл брендот) се поквалитетни, а и тие се во оној најнизок ранг на цени како Прајмарк.
Знаев дека не требаше толку да изнакупам На h&m бодињата се прекрасни ама се поскапи. Тие на Зара сега за сега држат прво место и со цена и со квалитет. Синсеј исто веќе не купувам, воопшто не се растегливи. Next неам пробано Edit: иначе од ствари за мене што си имам купувано од прајмарк сум задоволна од квалитет, затоа очекував и бодињата дека ќе бидат супер.