Мене па зара ич не ми се свиѓаат, исти број а сите различна ширина и се растегнаа околу вратот безвезе. Примарк до сега мене подобри ми се покажаа од Зара.
Да ептен се растегаат Зара околу врат. Последно од тритекст и земав на ќерче , ептен супер се покажаа , по 390 ден. се од колекцијата јуникорн. И х&м се супер. Имам и од синсеј и таму како ќе се погодат
Обични бели што ги имам од Тритекс за моево бебе се прешироки во вратчето плус груб памук. Од други колекции што имам земено се погодиле супер. Блузички ми се погодиле сите различна големина, а ист број. Следно сум во план Примарк или Џорџ да ги пробаме за некој месец. Кога ќе се смалат овие што сега ги има.
Имам пробано и од тритекс и од другиве мк конфекции и џорџ и синсеј и окаиди и примарк и пепко и ваикики, мене зара најлош квалитет ми се покажаа.
Тритекс, едни и единствени сппред мене, најдобро ми одговараат на мојот. Синсеј добив на подарок, не знам дали сите ама се бројот што му одговара вообичаено, а премали му се..
Баш ќе ги пробам тритекс. Синсеј никад више. Не само што се мали, не се растегливи, едвај му ги облекувам.
Купувам и јас за мене од Прајмарк, имам некои супер ствари како блузи, фармерки, кошули, баш омилената јакна за ич пари ми е од таму купена, ама еве овие основниве бебешки работи не ми се покажаа баш нај нај. Ама ги купувам и понатаму, да има за менување, за одоздола под шпихозни или под дуксерче, се наоѓаат, како не, со оглед на тоа што се најпотрошен дел од гардероба за бебе. Еве и други работи што за малиот земав од таму како комплет тренерки, маички со долги ракави и панталонки испаднаа супер квалитет за цената, бодињава само некако ич не се погодија. Мислам дека малку претерале со цените по кои ги продаваат кај нас (дупло од оригиналната, некој прави сериозна заработка), тоа ми падна во очи, пошто за исти пари или нешто малку повеќе мислам дека можат да се најдат подобри. H&M се апсолутно најквалитетни, особено оние на преклоп и тесните панталонки со ногавички им се многу добри, со месеци ги носи моево и ко нови се, а се перени милион пати. Синсеј се слагам дека се убедливо најлоши, таму никогаш не знаеш дали она што ќе го купиш ќе биде реалното бројче, 1 број или 2 броја помало, дали ќе биде растегливо или тесно никакво, 2-3 пати имам купено работи, испрано и тргнато на страна пошто не можел да ги носи.
@ladystardust од каде и колку ја зеде хранилката и дали си задоволна ако веќе сте почнале да ја користите? И јас се мислам за истата да ја земам. Во врска со квалитетот на облеката најзадоволна сум од H&M исто и од Lupilo ми се топ, од Примарк и C&А се помали, посебно C&А. Блузичка од H&M за 3-6 месеци е поголема од C&A за 6-9 е до толку има разлика. За излегување од болница купив комплетче од Примарк и на крај си дојдовме дома со боди и шпикозни од болницата мали му беа, а според тежината требаше да бидат точни. Мене квалитетот не ми е толку битен, посекако многу кратко се носат, битно памук да се. Нај неквалитетни се погодија од Примарк. После неколку перења се направија како 5 деца да имам израснато во нив.
Хранилката ја нарачав од локална интернет продавница, со попуст дојде 140€. Ја имаше во понуда на неколку места, меѓу кои и во Babycenter, но таму беше цената највисока. Имав читано најмногу позитивни искуства од мајки за неа и за Stokke Tripp Trapp, а се одлучив за неа зашто Stokke се прескапи, а за разлика од нив оваа има седум позиции за седење (0+ е). Моделот е Peg perego prima pappa follow me. Не сме почнале уште со хранење, но го ставив син ми неколку пати во неа да ја пробам, многу е лесна, едноставна за движење низ простор, многу лесно се расклопува и склопува, послужавникот се вади и понатаму кога ќе потпорасне детето може да се користи тоа да јаде на иста маса со другите членови на семејството, материјалот е многу добар, едноставен за чистење, ништо не се лепи и не останува на него. Мислам дека не погрешив во изборот, ќе видиме како ќе биде кога ќе почнеме со хранење
H&M бројчињата им се поголеми него C&A се сложувам ама спред мене поквалитет памук од C&A немат. Примарк мене ми се лабави некако, кај вратчето ептен широки, ее сега јас имам слабо девојче и мене тесни работи ми одговараат, пример H&M хеланчиња или гармерчиња и се големи во меше ептен широки. Аа C&A пери носи и нема ни избледено ни стеснато. Иначе Мк си? Примарк и C&A имаат ли некаде по локалниве продавници роба? Или за странство зборуваш?