Јас сакав да порачувам директно ама прво цените се поскапи за купувачите надвор од Британија, имаш shipping 10eur и на крај кај нас ќе платиш царина и лежарина така што воопшто не се исплати. Поефтино ќе те фати од препродавачите да нарачаш и онака преку georgekids.mk2 на Инстаграм можеш да одбереш што сакаш од веб страната на Next и да ти донесат.
Тритекс и мене ми се најдобри.Од големата што сум ги користела пред 8 години сега на малата и ги облекувам исти се останати ,најчесто земам со рамки ,а имам и со кратки ракави. Исто и картерс не ни се излитени и уште се како нови,а и двете ги носеа само што се поскапи
Тмурен, влажен и ладен ден, кога не може на сонце во парк, може на шопинг за пролетна бебешка гардероба.
Супер тема, утре ќе се "пофалам" што ново имаме дома, а сега ако може некој да ми каже од каде може да најдам BIOMECANICS обувки за проодување
Нема слика, ама ако видовте во Сити мол во ДМ една со 16 ќеси пелени и влажни, јас бев. 4000ки оставивме за пелени и влажни, да се искористи попустот. Не му е темата ама ќе се поклопи некој ќе ми одговори, од кога отприлика почнавте да ставате 3ка пелени? Има некои 4ипол кила бебе, 2че користиме и знае навечер да пропушти ако не го преслечам еднаш во текот на ноќта. Со големото ја немав оваа мака.