само моето дете изгледа не го сака кактусов...интересен му беше еден цел ден...читав остана цели 7 дена...го распарчи на седмиот ден
Сега му ставив батерии и да, прегласен е (не знам што си мислеле, јас се плашам, а не дете). Опцијата што е со играње, без пеење не е толку гласна, а плус има и некоја опција за снимање.. Па ќе видиме. Синко покажа првичен интерес Инаку го нарачав од bubamaraigracki.mk @anngelique вашиот гласен е?
Истиов го имам, гласен е. Опцијата со имитирање не е дотолку, ама песните се многу гласни, се извадив од памет кога запеа Моево кога плаче му го пуштам и кога ќе го слушне "плачењето" на кактусов, моментално престанува и почнува да се смее.
Исто и нашиот е прегласен ама и така најчесто само за да повторува го користиме . Нашиот е од фб страна некоја уште декември го нарачавме ама сите се истите мислам
Исто и јас така правам, а на погласните играчки ставам и слој памук или тупфер и лепам со селотејп врз звучниците.
Јас го користам на мустела за бебе уште од 2 месеци кога беше и сум многу задоволна. Лесно се размачкува и не остава бели траги ☺️
Јас се мислам меѓу овој и тој на биосолис од белина. Тој знам го фалеа дека не остава, ама ме интересира и овој. Не можам со алверде, веледа со тој белиот слој мачни ми е мачкањето и дете како дух. А веќе си плаче времево за мачкање. Јас пред некој ден сум заборавила да ставам кога се вратив челото и носот ми беа поцрвенети .
Јас ме мачкам уште, од мај ќе мачкам. Нека впива Д сега. Уште ни УВ зрачењето не е јако. И големиот го мачкав после 6ка ув, а тоа му дојде некаде мај, ама со големиот мачкав Балеа едно во спреј, не оставаше бело, ама тоа го нема сега. Лани со она Сиен супер пројдовме, за прв пат никој не изгоре, а ние гориме многу фамилијарно. Јас мислев да го земам на Хелиос, ама мал ми е бебуш мислам за тој.
За бебе и јас уште нема да ставам, за баткото ми е за лице да мачкаме. Само јас внимавам што мачкам, а овие природниве се баш незгодни за размачкување
Колку што јас знам уште само онлајн може да се нарача https://instagram.com/gamarde_mk?igshid=YmMyMTA2M2Y=