Прво нешто што помислив е тоа ама за жал немам пристап до звучникот. Зашиен е во "саксијата". Ако нема други опции, ќе го сечам па ќе шијам ќе видиме.. Едит: а значи ова е честа појава, детски играчки да се прегласни? Џизс, не ни помислив дека може такво нешто кога нарачував
Не сум почнала да го користам за бебо ама го испробав на мене. Ме изненади што е доста течен, повеќе е млеко отколку крема. Инаку, не остава воопшто бело, многу лесно и брзо се размачкува. Нема мирис. Јас го нарачав од фејсбук ама имаат и веб страна. 1900 денари е. https://gamarde.mk/
Не се сите толку гласни ова кактусот и мачорот што повторува се претерано гласни. Од џамбо имаме звучни играчки кои се ок со звук
Има во Galaxy продавниците. Ние баш земавме таков за подарок, вака практичен изгледа. Ги има и во Samba Trejd istite
Ќерка ми го има првото комплетче, поклон од кумашинката од Австрија. Пред некој ден го собрав, мало и е веќе. Го скапа носејќи. Се стопив. Плачам на сите бебешки алишта. Не ја отварам веќе темава
Прееслатки се, а мене од таа продавница ми се најносени, еве пошо второво ќе е пак женско и колку и да се преперени работите како нови се, се може да се искористи.