Ајде next се поскапи, но george се многу ефтини, а тука ги продаваат изгор. Ја разбирам и дупла цена да им стават, но овие што препродаваат ако е нешто 500 денари, тие 1500 ги продаваат тука. И тоа на наш стандард еј. А Англија на толкави плати толку ефтини се, жалосно за нас. Муабетот ми е, пишете ако знаете некоја страница што носи george по поразумни цени. Фала
Чико се залетав ги купив шприкозните во Ск, идам Австрија ги наоѓам за 20 Евра, а таму 2500 денари. Дуууплоо!
Јас моево не го облакам искрено во брендови, од нив Вајкики ми е врв, немам услови за повеќе едноставно, ни една Зара не ми е во буџетот. Денес во Ист Гејт прошетав и во Н&М влегов, мислам дека се претерува со цени за бебиња. Како бе едно дуксче 1500, пантолонки минијатурни 1200, маичка што да ја стиснеш е колку 5 денарка, 700ден. Во Синсеј имаше за 600ден 3 пара шпихозни, епа има разлика. Ама квалитет, кој црн квалитет кога ги носат максимум по 2м. А да не зборам што ист материјал маички во Зара и во Синсеј разлика огромна, во Зара 800ден, во Синсеј 200ден. Абе ајде. И за кај бренд да му купам, за дома да седиме и по улици со количка, епа не купувам, ќе му купам нешто стварно потребно и битно, некоја едукативна играчка, нешто кога ќе порасне што ќе му треба, а не ова. Не сум против брендови, сум против напумпани цени.
Гледам дека Next отвориле во Приштина Мол, така што мислам дека конечно ќе можеме да купуваме со понормални цени. Чекам да извадиме пасош за малиот и едвај чекам да одиме да видиме што има
Овие на george се многу ефтини, на сајтот гледав во англија 3 шпикозни 600 денари, а тука ги продаваат 1500. Кога ќе имам можност ќе ги посетам синсеј, но нема во мојот град, а нема ни онлајн за жал. Исто така онлајн кај нас ништо не фунционира, ни синсеј, ни h&m, ни waikiki... a да влезиш на официјалната страна пр на waikiki во сите соседни држави функционира онлајн.
Зара и Х&м не ги сматрам како некои со добар квалитет, а цените дали имаат разлика Мк со тука за тие продавници не знам. Верувам дека се е малце поскапо и дека нема реални попусти, овде ко ќе има попуст, има. Избор има дефинитивно повеќе и може да се најде за поефтино него Мк. Пример за 20евра 5 пара бодиња, био котон кое можеш комотно 3 деца да изгледаш со истите работи, жалосно што таму се стварно понапумпани цените, било за деца или возрасни. Бенетон во Ск не можеш да влезиш, нема ни избор, а цените не мрдаат, епа тука има блузички на 7евра намалени. Еве пример од намалениата, греота е што на тој стандарт држат Мк цени ама тоа е..
Не гледам марки или не,кога нешто е буквално за две три недели или месец нека е. Во помаливе градови во локални продавнички наоѓам преубави работи за малку пари. Знам да купам и Зара и Х&М ама исклучиво на попуст. На пример на последните попусти на Зара купив еден куп гардероба за по 150-200 денари меѓутоа во поголеми бројки што моево дете ќе ги носи на есен и зима. Исто и овие од Џорџ, гледам и Dak, Tiny, Sunny, и слични продавници на Фб кога имаат попуст да земам. Дезенот често и не ми е битен. Последно на Sunny имаше 10 бодиња за 1200 денари. Сеуште е поскапо спрема тоа што се продава во Англија, имам и по кого да порачам да ми носат меѓутоа не сакам да сум на терет.
Ако бараш баш модерни и убави можеш преку georgekids.mk2 на Инстаграм, а чевличките да си ги одбереш од официјалните страни на Next или George. Преубави модели има за девојчиња
Јас искрено не сум задоволна од џорџ кидс, во неколку наврати ме зезнаа кога сама си бирав производи а врв беше за фустанче за крштевка кога во последен момент барав ново и тоа не ми пишаа, јас ги барав. Ги препорачувам kids.fw на инстаграм, далеку поодговорни и покоректни.
Не знам, јас многу сум задоволна. Нарачувам за син ми од таму од пред да се роди, речиси секој месец имам нарачки и никогаш сум немала проблем. Презадоволна сум.
Јас исто чекав толку, добро е што се јавив 2/3 дена пред крштевката и ми рече девојчето не верувам дека ќе стигне, извинете не е до нас. Катастрофа.
Последно порачани. Сакав да прашам дали сте задоволни од овие бодиња и дали се намалуваат многу со перењето?
Primark? Јас многу не сум задоволна ако се од таму, и за второво сега купив 3 пара пижамчиња за да имам нешто резерва иначе мене ме нервира што се горе ептен огрлени кај вратчето, и не се намалуваат, како торба се праат широки. Бар јас такво искуство иам.