Дали е ова дубалце? Нас ортопедот ни кажа не чинеле, мед помагала биле и немсме земено а малиов баш ќе се радува..
Дечки ми треба помош ако може.. Каде да купам убаво комплетче за бебе од 5 месеци за крштевка,за кумство ми е? Значи ми треба комплетче за облекување,бањарка,и кутивче за косичка. Моите деца се големи,многу одамна немам купувано бебешко и не сум во тек веќе Ве молам за предлози каде да барам?
Види на овој линк https://www.facebook.com/bambinibutikzabebinja?mibextid=ZbWKwL Не дочитав убаво, мислев бараш комплетче за дотерување, тука имам купувано.
Машко или женско бебе? Сакаш тренди или нешто памучно? Мене овие комбинации ми се преслатки. Од зара се, има и поскапи и нешто по пристапна цена. Бањарка од било каде можеш да земеш, бела правоаголна или форма на коцка. Кутивче од цвеќара. И за свеќите машни можеш да земеш, убаво изгледа. Избор и по маливе локални бутици има. Многу машки бебиња гледам во мини сакоа, нешто што мене не ми се допаѓа. И женски во некои натрупани фустани со монистри и сл.
Леле не сум напишала,за машко бебе ми треба,нешто тренди сакам,така убаво дотерано да биде ама не со сако,некоја убава кошулка и панталончиња на пример
Такви модерни работи во зара ке најдеш дефинитивно. Имаш инна апликацијата newborn каде што има прекрасни работи. За женско се послатки ама и за машки има ленени и тексас кошули со џемперче или јакна. Слично можеби има и во h&m.
Јас би купила од венис, окаиди, картерс, енци менци… Ако си од Ск во ист гејт од окаиди натака цел ред е со бебешки продавници, сигурно ќе најдеш нешто.
Не е дубак, џемпер е, со амортизери е не е статичен, да не му се криват ноџињата. Ми треба за да го оставам на кратко да подзавршам нешто, да зготвам, да одам до вц... не подолго од 15мин пример и тоа не повеќе од вкупно 1ч во денот. Дубаи не сакам јас да користам, имам ама не би го користела.