Празни муабети, купи си се што ти душа посака, позитивно и убаво влијае и на тебе и на бременоста, радувај се што ќе бидеш мајка, доста со глупи муабети и бременост со страв, уживај прекрасно е во бременоста, и да си купиш за бебе се што ќе ти душа посака! Имај убава и лесна бременост срцка
Јас го користам еве 4ти месец. За практично, прилично е практично. Вариш, вртиш, блендаш. Зеленчуци, овошја убаво блендира и прави ептен мазна текстура. Некогаш од самото варење се прави многу вода и пожелно е да се отсипе пред да се блендира за да не излезе многу ретко. Кога блендирам со житарки во форма на снегулки не ги блендира многу мазно, исто и месо, остануваат како парчиња. Ако бебе преферира мазно ќе ви биде проблем. Со рачен блендер на бош помазно ми искачало. Нешто што ми е ужасно проблем е делот кај што се полни водата, не се отвара за миење и ако стои вода се прават наслаги кои верувам дека може да бидат штетни. Тој дел се чисти со оцет да отстои па да се исплакни и да се пушти празен еден цуклус на пареа. На почеток често го чистев, сега со 3 оброци имам многу помалце време. Исто материјалот на капачката е малце чуден и знае да остане боја од храната па колку сакаш триј го. За да не останува треба одма после користење да се измие. Тогаш миењето е многу брзо и лесно. Ако постои и се залепи храна тешко се мие и чашата и сечилото. Исто на дното на чашата има како дупло дно кое никако не се отвара и се заглавува вода која се прави како мувла. Да купувам наново не сум сигурна дека би ми бил прв избор.
Јас Пепко за бебе го избегнувам, мислам купувам, ама ретко. Квалитетот на памучните оние 100 посто не е толку катастрофа, ама се скусуваат. Хеланките на бебка и се скинаа, се чудам како. Сега зимам за по дома само. За синко редовно зимам долен дел тренерки оти постојано става флеки и ги кине на колената, така да еден месец ги носи само и ок се. На внуците гледам исто ок се со квалитет, за тие пари и солидни. За разлика од Синсеј. Квалитет никаков. Упки веднаш стануваат. И Примарк е речиси ист. Така да зависи како ќе начекаш, има ок работи, но според цената јасно е и за квалитетот. Од ХМ, С&А, Okaidi не мрдаат, а супер акции има. Зара е ок, ама маиците се развлекуваат многу.