Марио ја обожава, спие гушнат со Софи. Вчера беше за миење и се утепа од плачење додека не ми текна, си ја гушна и заспа. Љубов му е.
Исто и на големиот му беше таа и едни прстени на oball. Овие вториве и малово засега ѓи пофаќа најмногу
Тогаш за големиот кога купувавме количка од бебе хоум имавме некои поени и ги земавме онака за да се искористат, ама ептен се погодија. Они држеа oball играчки тогаш. Не знам само дали сеуште имаат играчки од оваа марка. А многу се супер дека различни форми плус со нив после тоа закачувавме и икрачки по количка.
Боже какви убави работи му купуваш на убавчо... Омилен профил во подфорум бебе си ми Лажичката од кај ти се?
дечки, за бебче што ќе се роди во септември, колку препорачувате бодиња со кратки, а колку со долги ракави? и колку пелени муслин мислите дека е доволно за преперување? 10?
Тетри имав/имам над 40 и ги користев и уште ги користам максимално (сега е 8 месеци) и би кажала што повеќе подобро. Најхигиенски ми се, можат да се перат на висока температура и испеглаат. За гардероба, ние на почеток имавме по 10 на кратки и 10 на долги па докупувавме, често пропушташе и во дентот по 3-4 пати го пресоблекував.
Јас се породив октомври и боди на долги не користев воопшто, освен за излегување надвор одозгоре со блузичка. Имав 10, што сум мислела не знам Боди на кратки имав само 3, а го облечував со боди на кратки и горе блузичка. Па докупував уште 20 зашто на почетокот 2-3 пати дневно му менев облека, мн повраќаше. Е сега септември е потопло уште ама не верувам да е за на кратки само, од мене совет земи си 5 на кратки 5 на долги ама 56, не 50ка. Па ќе видеш што ќе ти фали ќе докупиш. Тетри е сосема доволно 10-15. Јас имав 30, тие што се најдоле здиплени ги немам користено воопшто
Фала ти Лажичките се од кидс&ко и пре препрактични се. Имам една од поодамна и само таа ја користам. Малечка е и компактна, се навикнав на неа и кога му давам со друга лажичка се осеќам ко да му брцкам до грло. Плус кратката рачка ќе биде практична за кога ќе почне сам да јаде. Најомилено ми е што се дизајнирани со "кривина" и стојат во чиниче без да се превртуваат. Спојлер И јас мислам дека ќе ти требаат повеќе бодиња со кратки, отколку со долги ракави. Тетра пелени 10тина ти се доволно за почеток, па зависи колку ќе ги користиш ќе докупуваш по потреба. Би ти препорачала и 2-3 фланел пеленки да земеш, мене многу ми се најдоа како подлоги и за покривање.
фала ви девојки многу. ќе земам 56ки боденца, плус шпихозни и потенки и подебели. сакав да купам целосна гардероба до 6месеци максимум, може ќе биде долго бебе може не, не сакав премногу да купувам. лигавчиња мислите платнени или гумени? исто совет нешто на почетокот што сте сакале да го знаете, слободно споделете, ќе бидам преблагодарна <3
А дали користите вреќичка за спиење? (Ако да, од која сте задоволни) и дали ја менувате во однос на сезона? лето/зиме? И кај сте виделе постелнинки што ви оставиле убав впечаток, со некој кул дизајн?
Лани пролетта на 6 месеци спиеше во вреќичка. Од тилла и ја земав, тогаш имаше симпатични дезени. Летото по боди само спиеше. Постелнина види трифантино на инста. Одлични се
Син ми спие во вреќичка буквално од прв ден. Презадоволна сум од оваа (линк во спојлер), ја имаме во две бои. Не е многу дебела ама зимата претежно во неа ја помина. Имаме зимска од нанам и таа е добра, ја носевме само во најладните денови. Од ело.мк исто вреќичките се многу убави. Спојлер https://www.lococroco.com/вреќичка-за-спиење-kikka-boo-bear-with-me За постелнини, има многу што шијат по нарачка, разгледај на профилот masnickizadeca на инстаграм (прават и чаршавчиња со ластик). Во Зара Хоме има убави бебешки постелнини.