Од Пепко Србија? Ако да, кажи ми има избор на летна гардероба? Мене ми треба за 2 годинки. На сајтот не гледам промена во гардеробата, малку летно има.
Преубава е вреќичката, од каде е? Исто ме интересира и искуство со ретровизорот. Кога сум сама во кола го ставам транспортерот на совозачко со исклучено воздушно перниче, ама сакам да имам и варијанта да ја гледам ако ја ставам позади.
Внимавај на огледалото. Гледав видеа од јака температура од одблесок од огледало бебешко седиште почнало да чади, да гори. Читав после по нет не е ретка појава, често се случувало. Кога не се возите покривај го а кога се возите секако ќе имате клима пуштено па нема да развива толку тт.
Од Бебе хоме е вреќичката. Баш е тенкичка, а има и подебелки во неколку дезени. Ми кажаа дека прават и по нарачка. За ретровизорот ќе пишам кога ќе почнам да го користам. Го земав за кога ќе почнеме да користиме седиште. Тогаш нема опција за на совозачко, па ова ми се чини како доста практично решение. Фала на инфо Од локо кроко по 160 денари. Баш вакви тенкички со дупчиња ми се најубави за лето.
Огледалцето од каде го зема, баш барав деновиве, веќе се возиме у кола сами и не ја гледам, дека седиште ми е свртено обратно.