Фала Од синсеј се, имам земено исти такви од H&M и многу се убави, се надевам и овие ќе бидат добри и ќе си ги износи.
Ги имам од h&m, не ми се земени од тука. Ги изнаносе ама веќе му се кнап. Со оглед на времево ќе ми требат и за цело лето. Ти благодарам.
Ќе те разочарам за количката Лита, нестабилна, тоа напред го гризе дупки е , за 2 недели пропадна седиштето на една страна, сега мора нова да купувам а од Грција ја земав, нема назад
@0ли @Discovery Моево ептен се поти, ја земавме за седиште ама мене оваа ми изгледа преголема за транспортер? Инаку не сум јас во мк, ама можно е да се најде некаде кај нас, Leokid е брендот. @eli25 со Parcel ли? Да не е Tourist твојата? Баш штета, а толку се мислев меѓу неа и Cybex Beezy која од двете да биде, значи погрешен избор направив, требаше beezy да ја земеме Фала ти за споделеното искуство, нека е жив и здрав, ќе купиме нова ако ја уништи. А толку ми е најубава на изглед
Да ти препорачам на Lorelli, од бејби центар ја земавме околу 9000ден и сум супер задоволна. Преживеа доста за месец дена и нема да мрдне, башка сестра ми ја има од минатото лето како нова е, куфер систем.
Не на чико ќе ја земам , син ми имаше , незнаеш што се не преживеа, и уште може да се вози ама бледа и е бојата … @ladystardust леле ич незнам која е , за изглед ја земав дека тука немаше некоја “женска” боја, на непробано, само му пратив слика на маж ми и он ја зема Може поцврста ќе е вашата, ама тоа рачките се катастрофа она изгриза напред се Нашата е сива со виолетово
Прилично нов модел е оваа, од неодамна достапен, затоа те прашав, а е многу слична на прв поглед со постарите два модела - Tourist и Pact. Потешка е од нив, но затоа конструкцијата е поцврста и постабилна, а подобрени се и некои други аспекти од постарите модели (има повеќе нивоа на наклон на седиштето, подолга стреа, поквалитетни материјали, поголема носивост...). И поскапа е поради тоа. Достапна е во три бои: зелена, светло сива и црна, така што претпоставувам дека ја имате Joie Tourist или Pact. Ќе видиме како ќе се покаже, ја земавме да ја користиме кога одиме на патувања, дека е идеална за таа цел, додека за секојдневна вожња низ град ја користиме големата количка. Дека ќе биде изгризана, нема дилема, прво седнување за проба, малиов мој се зари со забите во рачката само да не заврши пред време на отпад, ама и да не ја бидне, боже мој, многу е тешко да најдеш особено летна количка што во секој аспект ќе биде совршена.
Го имам истиот ептен ми е практичен , во машина на 20 го перев, се подзагуби мирисот и откога се исуши се луфтираше плус уште некој ден Сега веќе го нема тој пластичен мирис