Дали може овие подлоги да се користат за хранилка? Се мислам дали негде се продава само подлогата или душекот како да го наречам. Седиштето ни е добро од големата ама подлогата е крш
Ќе се дрзнам да сум оф топик, ама темава ми е топење! Душава ми се исполнува кога ги гледам бебешкиве алиштенца какви се Преубави работи купувате мамички, алал да ви е! Ах Боже, ајде нека иде моето време да пишувам тука, те молам!
Во Македонија си? Ако да, колку ти земаат царина за производите на Next кога нарачуваш? И дали има други трошоци?
Па овие се баш за количка. Тоа лево може да се пребришува ама е тенко за самостојно да се стави на пластика, а тоа десно е полнето, ама мареријалот не трпи шлакање со храна. Инаку од али се и двете, ги нарачав пробно да видам што ќе стигне и солидни се и двете. Особено за цената ќе се најдат за промена да не ја малтретирам количката нон стоп да ја перам. Мене додуша без пари ми излезе зошто каснеше нарачката па ме рефундираа а во меѓувреме стигнаа.