Препорачајте ми добар сет за јадење? Што се ми треба? Кај и да е беба ќе пробува вкусови па да се спремам.
Искрено не ти треба ништо посебно. Имаш убави лажички во дм, од нивната марка, 3 во пакување се помалку од 100 денари. Ова се тврди лажички. Мека лажичка имаш на чико со силиконски врв. Таа е за почеток. Тањирче можеш било какво, на почеток ке пробува по неколку залчиња. Понатака имаш опции за чинии што се лепат бла бла. Има и на томи типи еден сет со две пластични садчиња со капак и лажиче кое се закачува за капакот за носење. Се на се не се оптоварувај околу избор. Што и да земеш ке е убаво. Најбитна е храната што ке ја нудиш. Гледај да е што помалку прскана, ако можеш земај од луѓе од село, од продавници за органска храна и сл.
Имаме сет на металац со тенџере, тањирче и лонче/чаша, тенџерето го користам и тањирот, чашата многу ретко, скоро воопшто. Исто имаме и сет на тук тук, чашата е со клунче и не ни е баш искористена зошто пие од отворена чаша а и многу тешко капе а тањирот и зделата: длабока чинија ги користиме секојдневно. Имаме и други од пепко силиконски што се лепат и тоа користиме. Прибор имам од дм, твист енд шејк и тој што одеше со сетов од тук тук, се користиме. Последно и нарачав од алиекспрес сет за блв зошто јаде сама. Од мое искуство ти треба тањир што ќе се лепи за да не го вози лево десно и со 2/3 прегради за да може да ставиш различни јадења и чаша било каква или шише што и да планираш, мојава пие од отворена обична чаша некогаш од шише ако е расположена. Тенџериња имам две ептен мали, метални/росвајтни и во тие и варам ако не спремам на пареа. Од прилика тоа е тоа, тековно ќе процениш што ти фали, за почеток тенџере или кукер на пареа зависи што сакаш, тањир, чашка, прибор и шише.
Жити мене пиши за апаратчето дали делува. И овие каишите со кукачки, за на количка се? Да закачиш нешто? Од кај ги зема, прекупотребни ми се.
За на количка се куките, да. Случајно на каса ги видов во Енци Менци па ми се видоа практични, ќе се најдат сигурно. За апаратчето ќе пишам здравје кога ќе почнам да го користам. Сега за сега комарец не сум видела, ладно е уште изгледа. Фала ти Ромперите се Carter's, а мики маус е од H&M.