Од каде се ранчето и капчето? И дали ранчето е мало или ќе собере се што треба за во градинка? И како сте задоволни од Пуфиес? Во потрага сум по нови пелени. Инаку се е убавина од сликиве
Бидејќи сме дромци и ние, идам приквечер да си зеам од сликовниците. Баш вакви бараме за да учиме зборчиња Истово шише и ние го земавме (ако е тоа со цевка) неќе ни да го види, го фрла
Ти благодарам Ранчето и капчето се од окаиди. Малечко е ранчето Шише, пелени, влажни, крема за газе или спф и резервно боди ќе собере, повеќе тешко А пелените прв пат ги купувам, беа спуштени од 900 на 600 денари во тинекс. Ќе видиме како ќе се покажат
Како си задоволна од оваа подлога, во потрага сум по нова, оваа што ја имам е многу тенка, ибебево за 2 мин е вода од неа
Па вака делува многу практично. Тенка не е, баш е дебела и мека. Јас имам онакви puzzle коцки за подлога и многу се убави ама на син ми му стана омилено да ги вади. Па освен што пола ден прередувам коцки, повеќе време поминува на паркет отколку на подлога. Затоа се решив за ваква, се трга и поставува во еден потег, за разлика од коцките. Па времето ќе покаже кои се маните
Од кој релаксатор сте задоволни(битно ми е да не е рачен само) и отприлика во кој ценовен ранг се движат солидните релаксатори? Не би сакала да дадам 10илјади за нешто што МОЖЕБИ ќе сака дечково да користи. Фала ви женски
Ние овој го користевме , па да не претерам ама до 8 мес сигурно , кога почна да е во полуседната и како столче го користевме
Најдобро би било да пробате некаде дали ќе сака или да позајмете на кратко за да видете дали да земете. Јас купив електричен и џабе фрлени пари, а 8000 денари го земавме дали 3 пати поседи по 10 мин, уопште не го засака. Е сега дали имате да земете од некој, јас немав, купив и ете го право нов остана.