Го имав постирано линкот во претходниот пост, еве тука уште еднаш доколку тој не го отвора. Ова беше сет со 8 парчиња (ми се чини најголемиот), инаку има најразлични комбинации и со помалку парчиња, во зависност од тоа и цената. Супер е сега за сега, јас сум ептен задоволна, а и ми го доставија порано од што беше предвидено.
Ако прашуваш за комплетчето со елките (на четвртата слика), тоа е Next, го нарачав онлајн, беше на попуст 14€ (во странство сум јас). Дводелните купаќи на третата слика се од Sinsay.
За дводелните купаќи ме интересираше. Кај нас во синсеј нема ништо од детски купаќи машки само два пара долни имаа и тоа поголеми како шорц само. Фала многу
Фала @monik55 ич на вајкики не ми текна. Може има месец како бев,имаа некои тегет темни,а сакав вака светло нешто. Фала утре ќе појдам да видам
Истата гума и јас ја порачав, ја чекам од понеделник, и толку веќе ја нема на лагер. Иначе на Ананас ја порачав, без достава, изгледа последната сум ја фатила зошто сакав после да ја покажам на синко голем ја барав и ја немаше.
Јас во средата ја нарачав од мапет, денес ми стигна. Ја имаше кога нарачував и на ананас, баш се мислев од каде да ја нарачам. Многу е убава, а не очекував дека и "свирката" на воланот работи Спојлер
https://www.facebook.com/profile.php?id=100090581677372&mibextid=LQQJ4d Доколку некој сака, тука се по 100 денари. Ги има сите изданија. Пс: Ова е нај активна тема затоа споделив тука.