За новороденче која величина купувавте? Мене здравје боже во декември ми е термин па земав неколку парчиња 6-9месеци пошто си викам првите 2-3 месеци нема да искачаме нигде, па од февруари - март може ќе бидат таман. Не ми делуваат многу големи, немам осет колкави треба да бидат
Се зависи од бебето, ама мислам дека големки си земала за тој период. Здравје, април ќе биде 3-4 месеци и мислам дека за тој период ти требаат алишта за 3-6 месеци. 6 месеци ќе биде накај јуни, а тогаш нема да ти требаат алишта по долги. Зависи и дали се растегливи. Ако не се, можеш да ги рачунаш ко помали. Растегливите се попрактични и ние барем многу подолго ги износуваме
Математички така искача, ама ми делуваа малечки ... Може требаше бар 3-6м ама немаше ништо за таа величина
Не се дебели ќе се износат и овие, 56ки 62ки за почеток, моето првото беше мн големо бебе со бутови и ко беше 3м носеше за 6м, ко беше 6 за 9м, цело време за 3м поголеми алишта купував. На 4 и пол месеци беше 9300г, на година 14кг... Сега е 4 и пол год носи 6ки Сега ко ги пеглав за бебево се чудам колку се мали
Зависи од бебето, мојот мал се роди па докупувавме 50 и 56. Особено панталончиња. Бодиња може и поголеми. Мене 62ките ми изгледаа мали, но му беа многу широки и сам ги соблекуваше + многу е непрактично да земеш бебе со големи алиштенца, не се држи убаво
Па јас очекувам да биде здравје боже големко бебе пошто и од моја страна и од кај маж ми сите сме биле машала бебиња. Ако треба па ќе купам неколку парчиња помали кога ќе се роди, да не ги враќам сега
Боди по кратки и подебели шпихозни, капче, чорапчиња и завиткано во плук ќебенце. Доволно ти е, не ги слушај сите што ти викаат дека треба да го "тунташ" да не настане, тоа е најголема заблуда на веков. Баш напротив новороденчињата имаат природно повисока телесна температура и ако го наоблекуваш во слоеви, ќе се испоти и така може да настине. Моето е родено почеток на јануари и ова ме советуваа и педијатарот и патронажната сестра.
Моето декември беше, снег врнеше, шпикозни памучни, не мн дебели, боди со долги и чорапчиња, капче, плус во пелена завиткано, така во транспортер.
3-6 величина. 3.560 кг се роди. Би те советувала да си земаш бодиња по кратки, бидејќи ќе бидете претежно дома ( и јас имам зимско бебе) и под шпихозните ќе му облекуваш бодиња по кратки (со долги ќе се поти, новороденчињата многу се потат особено кога спијат и цицаат). Синсеј секако се помал калап и брзо се собираат па ќе ги носите негде март овие. Инаку многу се мали кога се раѓаат, немаш претстава какви трошки се дур не родиш свое
Моето е крај на ноември родено, јас го изнесов по боди по долги, над него сет блуза со долни панталони, чорапчиња, капче и ракавички. Дома температурата ми беше 19-20 преку ноќ, 22-23 преку ден, спиеше по боди по долги и шпикозни целосни во тенка вреќа, а преку ден боди по кратки и шпикозни покриен со тенко памучно ќебе или тетра Ти препорачувам само шпикозни памучни за почеток повеќе, јас имав и сетчиња маички со панталони ама ич не ги искористив..
Декември родено, на 1ви јануари излеговме од болница, боди по кратки, тенки шпихозни и дебело скафандерче како мече тие што се, внатре со крзненце. Скафандерчето го изнаносевме поштено, само земи си мало, 0-3, колку и да се роди, бебе мало во голем скафандер ти е ем ризично, ем непрактично, колку и да мислиш дома ќе седите, нема да седите баш, редовни прегледи, вакцини, молитви ако праите тоа за 40 дена, имаш за шетање охохооо... А во ќебе во транспортер не можеш да го врзеш.
Баш и за тоа се мислев, не знаев што е попрактично дали скафандерче или оние ќебенца како плик. Скафандерот ми гледа дека е побезбеден за во транспортер. Од каде го купивте скафандерчето, да не е многу танко. Гледав на зара баш сега имаат едно comming soon... т.е. до пред малку беше, а сега е веќе out of stock А имаат и од тие како пликови