Ова на зара го имаме ние, ептен е убаво и искористливо. Имаме и розево и бело, го утепавме од носење, и попрактично ти е од плик.
Го нарачав од Мапетс. 0-3 го изнаноси до 3м максимум а сега да го гледаш р како да не е мрднато воопшто, да не е облечено. Дебелко е, не е тенко воопшто, од надвор е плишано а внатре е како крзненце.
Дефинитивно скафандерче ќе ти е попрактично, јас го користев до максимум за искачања исто зимско бебе. Моето беше кафеаво од х&м не успеав да начекам бројче од зара..
Овде ќе прашам пошто ќе видите повеќето. Гаќички за бањање од Бејбилав, има машки и женски? Пошто гледам розево пакување па не ми е јасно. За 11 дена одмор колку пакувања да земам, 2-3? Уствари не ни знам дали сакам гаќички или да му земам некои купаќи па со купаќи да се бања, бидејќи не седиме цел ден на плажа, ќе си одиме, ќе ми требаат најмалку 2 пелени дневно а тоа ако влезеш и излезеш мора да ја смениш одма ваљда или?
Јас лани му редев само за во вода, а надвор пелена, околу едно ипол паковање потрошив. Нема машки и женски ко што ме држи сеќавање, беа по големини с,м, ваљда и л. Практично тие само каки задржуваат, течност не упиваат, така да ако има предвидлив ред на какање нема потреба од нив според мене.
,Види ги и на Слипи гакичките за капење, поефтини беа само не ми се пробани. Тие од бејби лав јас на одмор едно и пол потрошив, само за во вода и ставав и одма ги вадев кога ќе излезевме. Понекогаш ја капев и со обичните пелени ко ќе ми беше мака да ја преслекувам.