За бејбилав не знам. Ние купивме слипи. Исто два пати на плажа - претпладне и попладне. Само две ти требаат во денот, или ако евентуално се покака па да мора да ја смениш. Не впиваат вода. Твоето е мислам помало, нема да шетка околу плажа, во вода и слично. Можеш додека е во вода да му ставиш купачи и откако ќе излезете обична пелена за да игра во песок. Ако се шлапка во плиткото цело време тогаш и тоа како ќе ти требаат.
Вака не се лоши. Гаќичките се малки подебели и малку покрути во однос на бејбилов, ама во однос на впивливост се сосема солидни. Само многу мирисаат на прашак . Гаќичките повеќе, пелените малку помалку, баш пред некој ден ги коментираме. Инаку џиџани се