Здраво девојки, каков тип на заштита ставате за дрвените креветчиња? Плетенки, некаков друг тип на оградица? Ве молам и совет од каде да се купи за пристапна цена. Фала ви
Masnicki za deca или babynest на инстаграм. Ама според мое мислење, не се потребни Џабе земав, најнеискористено нешто ми се. На почетокот ги ставив ама тогаш бебето е малечко, не мрда многу, нема потреба од нив. После тоа, пола креветче го зафаќаат, нема место кај да мрда. Го задушуваат креветчето непотребно. А не е ни најбезбедно, најдобро е празно креветче
Ние имаме плетенка а сега порачав и од тила тространа обична оградица. Бебе е 10 месеци и дури сега ми затреба зошто сака да се пентари по креветчето и да стои и во неколку наврати падна и си ја удри главата, затоа ќе ставам а веќе и скоро и да нема ризик од сидс, голема е. Плетенката ја користев само за кај ножињата да ја заградам си ги пикаше во решетките. Имам нарачано од трифантино на инста и сум задоволна. Има и машнички за деца, луна студио, мерино чоис.
Не не, лошо си ме разбрала, се исправа и стои на душекот, а плетенка ставав зошто си ги заглавуваше ножињата во решетките. Сега е подобро со оградица.