Само да не е тие слични на чико. Дури ни сталак не ти треба, на маса и готово. Јас ја имам на чико таа за пресоблекување, ок практична ми беше првиот месец, сега само место ми зафаќа, користам најобично.
Добро што спомна. Да не дојде до забуна, на ова корито мислам, 700 денари е, не мислев на тие што се на сталак со опција за пресоблекување. За ова сталакот посебно се купува.
Кај нас во дневна има мерач на температура, таму е 25-26 Во спална можеби е околу 24,машко бебе склетџија. Вчера го бањав пред спиење ,го облеков за спиење по боди на кратки и надоле тенки долги. Од страв да не се испоти, го покрив само со тетра. Вечерва ми дојде некако топло,го оставив само со боди на кратки и ќе го покријам со ќебенце. Се со доза на резерва правам околу спиењево за бебе. А со вреќичка пак воопшто немам искуство. За есенва би купила вреќичка и јас.
Го покривав и во најтоплите денови. Спиеше по боди на кратки и му ставав тетра само преку стомачето,ноџињата голи.
Моиве летно време се така од бебиња. Поинаку се жива вода. До душе и зимно време не се нешто мн облечени...
Тоа е веќе друго, топло е на 25-26. Уште ако е повисока влажноста на воздухот, баш е топло. На таа температура спиеше по ромпер или по боди. Јас не се водам многу според мене, од доењево и тироидава не сум баш најарна со студ и топло, во моментов телесниов показател ми е расипан Инаку, вреќа е најдобро нешто за мене, големиот уште така спие цело време освен во лето. Сега е во соба каде што е малку постудено и облечен во најтенки пижами и вреќа иста дебелина како оваа од бебето. А бе ако е топло, и гола само по пелена би ја ставила