Здраво дали имате нарачувано од оваа страна , гледам интересни работи ама не знам дали се океј во однос на материјалот .
Од Тила, многу убави дезенчиња имаше. Јас само од ова начекав 86, а поголеми имаше сигурно. Ми кажаа дека сега ги добиле и многу брзо се продавале
Дали можеби некоја го има ова ранче , ми се гледа баш интересно и практично . Се мислам да си го нарачам гледам по сите онлине страни го има.
Ќе ја тагнам @AngelOfArh ,таа имаше слично на ова. Ние имаме без делот што се прави креветче. Од Пики е нашето. Не го користиме пречесто. На почеток малку мирисаше, па со перење и луфтирање исчезна миризбата. Собира доволно, е сега јас не сум го носела обесен на количка. Редовно е или во корпа долу или во кола така да за издржливост не можам многу да кажам.
Јас го имам од пред 2 и пол години. Маста му ја извадивме од користење. Голем е, собира доста работи, јас за патување во него го пакувам детето, користејќи ја и таа задната преграда шо всушност треба да е за преслекување. Додатокот за преслекување само еднаш го имам искористено, јас лично немав потреба од него. Инаку ранецот е голем и мене не ми е практичен за секојдневна употреба.
Јас го имам и го користев многу, и тој делот за отварање, сега го продавам да си купам исто вакво само без делот за отварање. Ако сакаш пиши ми ќе се договориме, го продавам за упола цена. Мене ми беше многу практично, го утепав од користење.
Јас Јас за средина на октомври имав спремено боди на долги и шпикозни без ракави. Ама беше ладничко па одозгора му облеков јакничка малку подебелка. Можеш да спремиш нешто на долги горе и доле, па ако е поладно со кебенце ќе го покриеш, секако за до кола е ова само, внатре ќе тргнеш кебе
Комплетче по долги. Еве и јас разгледувам. Односно боденце по кратки и одозгора нешто по долги дали шпихозни по долги или како џемперче и доле панталончиња/хеланки. Плус ќебенце. За јакна мислам топло ќе биде...