Еден најдобронамерен совет. Не купувајте бодиња по долги. Тотално неупотребени ми се, ако ги облечеш под шпихозни, ќе се препоти кутрото и така може да настине. Новороденчињата имаат природно повисока температура од нас возрасните и многу се потат, ќе видите. Не ги наоблекувајте во слоеви од страв дека ќе смрзнат, само спротивен ефект ќе постигнете од тој што сакате. Јас имам јануарско дете па не го облеков во боди по долги. Значи боденце по кратки, чорапчиња и одозгора подебели шпихозни можеш и тенко капче. Ќе го завиткаш во плик ќебенце, никакви јакни не ти се потребни за новороденче. Со овој памет сеа само бодиња по долги, шпихозни и чорапчиња би купувала. Знам дека ви е мерак да ги дотерувате, ама освен тоа ништо повеќе не ви е потребно.
Плик ќебенце пак мене тотално непотребно ми беше. Ни можеш каиши за надвор од транспортер/седиште да ставиш, ни ништо. Само во корпа за шетање со количка можеби. Тенко скафандерче ни се најде повеќе.
Јас имам спротивно искуство. Кога се роди бебе првите 2 месеца беше стално во боди на долги и панталончиња со ногавици, или само во шпикозни без боди одоздоле. Дури по 2-3 месеца почнав да облекувам боди на кратки одоздоле, а за надвор па си беше во боди на долги и блузичка. Мн износени ни се. Сепак ова зависи и која е температурата дома. Кај нас е топло, 25-26 па само на еден ракав беше стално
Да се надоврзам на муабетот погоре, бодиња по долги и мене ми се најнеискористени. Плико е ок за во корпа, ама не е неопходно. Скафандерчиња две имав, едното два пати го облеков, другото ниеднаш.. Попрактично ми е нешто полесно што се става/вади, подобро ми беше да го покријам или замотам со ќебенце, зашто во кола со скафандер ќе го угушам. А и додека го облечам дома во скафандер за прошетка ќе не дигне во воздух и ќе зајде од плачење и надвор ќе биде кенкав. За годинава може скафандерче, ама за новороденче не ми беше потребно.
Леле во тие пантолончињата со ногавици многу смешен ми беше. Прешироки му беа во половинчето и му ги превиткував по 3 пати. Боди по кратки и шпихозни ми беше најлесно и најпрактично. Ќе си го најде мајката најлесниот начин, само знам ја колку глупости буквално изнакупив што не ги употребив и сакав да ја поштедам од тоа
Оваа со азбуката ти е полн погодок. Сите животни (што ги знае) ги научи од неа по име и ги имитра. Омилени ни се ежот и рисот
Со тек на време ќе ги земеш сите, без гајле Инаку, јас скафандер никогаш не купив. До кола покриен со ќебе. Надвор го шетав во вреќа за количка од ФриОн и навлака за дожд. По какви вретришта и студови се шетавме, најубаво ми спиеше надвор. Боди со долги му облекував само со пантолони, а не како долна облека.
И јас затоа имам неколку бодиња по долги за сезонава што следи. Во случај да затреба горен дел со некои панталончиња Шпихозни ми се сеуште прв избор.
Дали постои продавницата на Ла Лидија во лептокарија ? Дали имаат сетови за новороденчиња со кебенце и облека ?
Шо знам па мене ептен ми се погодија, сто пара имам купено. Му земав се точно бројчиња, со 50ка почнавме од рагање, ама дека се шират лесно тој број докај втор месец го носеше
Абе ние сме сувички, слабички, цело време е смкнат. Од овој тип само едни ми се погодија, потесен калап, се друго беше голо. Мене само шпихозни дај ми, летно зимско сеедно, ич не сакам пантолони и маички посебно за мало бебе. Ромпер и шпихозна само. Имам шпихозни по прерамки од Германија на Бејби клуб, со боди по долги ги носиме, најспастрен ми е.