Ако мислите на овој стил, јас најмногу ги искористив. Шпикозни многу малку имав, знам дека на многумина им се практични, но мене полесно ми беше со овие комплетчиња за пресоблекување на памперс. И моето беше слабичко ама и мирничко не се случило да ги соблече сам.
Да, да на овие мислиме. Мојот е багабонт од раѓање, никад мирен не седел, најверојатно и затоа имаме спротивно искуство
Да, секое дете не е исто, како и ние што не сме исти ете . Важно секој ќе си најде како му е полесно и попрактично. Едит: На муабетот, дали некој знае каде има вакви комплетчиња ама да се 50ка, сакам да земам некое. Од 56ка нагоре гледам има, но ако знае некој каде има 50ки нека ми пише. Фала
И јас сум фан на шпикозни, до последно му купувам на големиов Најголем број е 104, па му купувам ромпери и шпикозни без ногавици. Голем е, ама за спиење ми се топ.
Шпикозни се супер ствар, полесно е за преслекување,но ако пропушти пелената цела оди за перење а овие дводелниве ако се помоча долниот го слекуваш горното истото го користиш иначе каде каде попрактично шпикозни, посебно ако е плачко бебето па одозгора блузе да му облеквиш тоа е хорор, ние бевме такви уште трауми имам со облекување на блузички мојава е 8 месеци и уште борба се води за облекување нешто горно иначе за новороденче најдобро е бодиња на преклоп тие се најпрактични јас само такви купвев и најлесно се облекуваат.
Да, ама ако се измочка и бодито автоматски е мокро и ко ќе видиш пак цело го соблакаш. И ние сме 20 месеци и уште сме хорор со пресоблекувањето. Драми се целите, срцки тие наши
Има фора, 3 и пол години има син ми Добро, зависи од детето, но моево секогаш носи точно според бројот и возраста.
Затоа реков секој си има искуство свое, мене шпикозните ми се досадни за откопчување или ако се со патент се витка патентот па ми дава чувство дека го боцка, па потоа ноџињата да му ги ваѓам од ногавиците... вака полесно ми е само соблечи го долниот дел и смени памперс. А ако помоча се, дали шпикозни дали дводелно пак мора се да се менува, тие како на сликата што се со преклоп не се ставаат преку глава доколку некој има таква мака. Фала богу па има избор за секој како му одговара
Приборот е од Али Експрес, многу е убав. Глодалките исто се убавки ама цветчето не го сака баш. Од Бебе Хоум е рипчето, не е музичко ама прави звуци кога се мрдаат тие, а опавчето шушка. Ептен му се радува, за тами тајм е идеално.