Јас имам една подлога од Mushie, таа не одговара баш дека послужавникот има како засек. Други не ни побарав. Ама се чисти релативно лесно и покрај тоа што е дрво. Плус, ако ти одговара можеш и директно на маса, не мора да го ставаш послужавникот. Е сега (не дека ме праша ), бојава се изљупи на потпирачот за нозете (од многу мавање) и малку по рабовите на послужавникот, ама да се вратам назад за тој буџет пак би ја зела бидејќи не се ни приметува во просторот, стабилна е, а и сега поголем си има свое столче.
Фала. Јас земав натур баш од таа причина ми беше страв за бојата зошто во дуќан изложената беше малку оштетена. Се надевам на оваа нема што да се лупи. Бебе е 8 месеци така да за почеток ќе е вака со масичка. Во секој случај добро е штом викаш лесно се чисти зошто на ревјуата тоа како мана го имаа пишано.
Од старт е со нас на маса со тоа што прво не го монтирав послужавникот дека ние му дававме да јаде, па околу година го монтирав со надеж дека ќе пројаде сам, и сега на две пак го тргнав.
Шпикозните без стапалца од нашето хм? Морам за мали да земам зошто склетчија е и тешко дека ќе може со оние класични со стапалца да го облечам. Да знам дали са тепам пат до ист гејт.
Имаш без стапала во Синсеј, од тие малку поскапи што се, поубав квалитет. Има нели 3 за 600 и 2 за 600, епа земав од тие 2 за 600, едните памук, другите ребраст памук, бомбона.
Ептен сум статична периодов ич не ми се оди по молови. Ама еве го за две недели тргам на работа, па рамстор ми е блиску ќе одам тогаш да разгледам. Инаку имам јас од тие ребрастите тенки, ептен се погодија. Ама треба да снабдам нови зошто во должина расте господинов.
И кај нас расте во должина многу, ама премногу. И стапалца има поголеми од вообичаено на бебиња негова возраст. Оние 17-18 му се мали, зимаме веќе 20-21.
20ка што купив за роденденот на брат му мислам дека веќе нема шанси да му ја натнам . А ќе мора да купам нешто зошто засвежува особено наутро кога го носиме бато во училиште па само по чорапи ладно ќе му е на нозете.
Каде можам да најдам за на спортскиот дел од количката како навлака ....тоест како перничиња незз како се вика мали е 5 м.а тррба во тој дел веќе да оди па од кај да нарачам знае ли некоја