Кога ќе го видам моево стуткано во хранилката, ептен ме премислувате и за ваква да давам пари, а не бев во план.
Изгледа сите сме се намерачиле на столчево И јас купив сиво како Бела, од мерак веќе две недели ми седи наместено иако уште ја хранам во транспортер. Откако почнав да истражувам за хранилки немав сомнеж дека ќе е ваков тип, само се мислев за која. Кога те прочитав ми ги реши сите дилеми дека сме направиле добар избор. Вака од око ми личи ептен стабилна и лесна за одржување.
Најтопла препорака за столчево. Бебе е 9 месеци, уште кога не седеше сам на 6м го ставав во Тимба без никакви проблеми. Прелесно е за чистење и многу добро седење има
Од инстаграм montessoritoys.mk, коцката оди комплет со спиралата 1100 ден, а тие фигурките на пикање 400 ден. Ќеркичката ги бендиса ептен и се занимава со нив доста.