Јас ставав антифони, бебе беше 3 ипол месеци. Супер му беше се отспа . Антифони од банз порачав, во нептун имаше само за над 3 години.
Ги гледав...на мм не му се даваат 2000ки за една вечер Да пробам со тампони? Или обични слушалки (без да ги вклучам секако)? Исто има 3ипол месеци.
Најтопла препорака за антифони, нема да се за една вечер, ќе ги користиш и понатаму. Ич не ги жали парите, бебе ќе ужива, а и вие.
Види во дм маркетите до пред некое време ги гледав на 50% попуст. И јас ги имам на Банз и ги препорачувам. Тестирани ми се од свадби до улични фестивали и настани на отворено каде што инаку би било прегласно за деца. Една од најискористените работи ми се обавезно ги носам во торбата за количка.
Шпикозни или пижами со боди по кратки. Понекогаш и чорапчиња. Ракавите ги извадив кога ја купив и ниеднаш не ги ставив. Ова за лани, верувам и годинава така ќе тераме. Ама топло е кај нас, под 18 степени не е никогаш во спална.