713 ден со 2та прстени таа е од 0+ (јас после 2м му ја купив, и му е омилена...) а другава во боја 398 ден 3+ е, ќе видиме како ќе му се допадне... кога веќе цуцли нејќе бар со Софи имаме занимација
И јас ја купив денес таа од 700. Долго време стоев и се мислев дали да ја земам таа или поефтината. На крај ја земав поскапата и земав едно пиле глодалка од Канпол со вода внатре. Се смеев со мајка ми,гарант пилето повеќе ќе го јаде
Мислам дека нема,бидејки и јас му имав земено и др.глодалка кога ја купував првата софи, истото го помислив но синко ме демантираше без неа не одиме никаде ...
Од 10ина глодалки што ги вртиме низ дома Софи е најизглодана и затоа на крај се скина. Таа со два прстени ја имавме и многу ја виткаше кога се научи да фаќа со двете рачиња. Затоа сега ќе му земам со еден прстен, поцврсти се.
Се витка и премека е таа со два прстени. Црвенава што ја имам е цврста, не се витка така и затоа трае подолго. Е не знам овие ванила што се дали се со различна флексибилност или сите се исти и се разликуваат само во боја.
Е не знам и јас за флексибилноста на тие во боја, нека каже некој ако знае. Црвената ја имам чепнато и баш е цврста за разлика од таа што ја имавме. Сега сум за тие во боја, ама за машко детенце повеќе би зелена.