Ептен, малото мое ко што е по зајци периодов, таман, уште и величина да има за него, за 12-18 месеци.
Влажни, далинско, спреј за нос, пластична кутија кај што му стојат глодалките, павловичева, кабли, телефони. Сѐ е поинтересно од играчки.
Потпис и кај нас. Кутии од играчки, старо далечинско, кутијата за играчки, и платнена и пластична, влажни марамчиња. Последно сунѓерестата подлога ја гризе. Баш се мислев што да купуваме за Нова година и роденден демек нешто внимание да држи.
Хахаха леле истооо бре! Ги соблекувам пред да влезам на подлогата, ги лоцира секундарно и летнува по нив. Најизмотивиран е сегде да стигне кога ги гледа.
Леле со папучиве се изнасмеав, јас мислев само син ми е.. Од нога ми ги вади, при папучи боса шетам низ дома Најголема желба му е да дојде до даљинското и обожава пластични шишиња да ги бутка и да ги крева. За влажни марамици ко да му помина меракот Ама и играчки сака. Нема играчка што ја одбил, има некои што му се поинтересни и некои што пократко му држат внимание.
Среќа што ве прочитав со папучите, мислев некој фетиш има, ќе дојде некој, на сите им давам папучи и за секунда излазил до нив и ги влече за нозе, ги грицка. Мислев дека е поради тоа што се шарени папучите, ајде земавме еднобојни, иста приказна. Мојов пролази по цуцлите од сестра му, розови, црвени, виолетови, ќе ја видеше со некоја таква и ете го лази брзо да и ја земе од уста, инаку беше статичен. Сега ако не слуша и ми забегува по соби, го лажам ко кутре, фрлам цуцла џиш боја во игрална, ракета е и одма се прибира. Инаку на тема играчки сакаат само даљинско, некоја крема по можност со остри агли во тубичка, пластични шишиња, влажни, ламинат, ѕидови и огледало (последниве за да чукаат по нив, не знам што им е тоа). Од оние играчки на батерии што ги имаме, пчели, мечиња, пингвин, слончиња, зајак, маче, куче, што пеат, играат, се плашат и двајцава. Имаме само 2-3 едукативни, сензорни, што им прават мерак, ама тоа трае 5 мин, не повеќе, а со даљинско можат и цел ден.
Не проаѓа старо кај нас. Исчистив издезинфицирав и понудив и инстантно го фрли. Само тоа ние што го користиме мора да е . А со папучиве и јас се приклучувам ако ми го нема на видик, знам отишол во потрага по папучи Ама не можам и јас да се пожалам. Проигрува и мојов и со играчките не дека се целосно на игнор.