Има нешто значи со папучи и бебиња, тодлери . Може нешо има врска што им се на eyelevel, којзнае... А ова со гризањево нервира стварно, ти им купуваш софиња мофиња, каучуци гуми не знам какви, вода да не ја фатело, вака се миела, а он уствари со ѓон на обувки си ги трие забите.
Истоо, му дадовме друго даљинско, не го сака, не му дава фидбек на тв. Земал изнаснимил Здраво Македонијо, сменил режим на звук, слика, едвај вратив на стари подесувања. А со цел ентузијазам имав нарачано од Али гумени даљински, ко за глодање. Џабе ќе стигнат изгледа.
Да се приклучам во групата на мајки чии деца се љубители на папучи, даљинска и креми и слични "играчки". Девојчето ако може ќе трча по папучи, а машкото се влече и врти во круг само да ги стигне. Едно време татко му го успиваше со мојот лосион за тело, го вртеше во рака и си заспиваше.
Team даљинско here. Го пикира од далеку, и веднаш се фрла по него. Сабајлината го успивав, скоро заспан беше, луѓе кога го виде даљинското, абе се изврти цел, од раце од ќе ми паднеше. Јас се залетав па да му купам даљинско играчка, глеам цена околу 40 еур. Мм мѝ вели за тие пари ќе го оставам да игра со даљинсково и коа ќе го скрши ќе си нарачам ново, а со кусурот пиво ќе се почастам.
Мајки, дали има некоја што нарачувала од апликацијата на Зара? Јас нарачав нешто и пишува дека ќе стигне на 11 декември зарем толку многу се чека??
Датата што ја дава е орентациона, може ден два пред или после неа. Се чека да, посебно кога има попусти.
Нарачката од блек фрајдеј мене ми стигна порано. Требаше на 4-5 декември, а ми стигна вчера. Се случило и друг пат да ми стигне ден порано. Ама во 90% од случаите ми стига точно на денот што го пишува на апликацијата. Никогаш не доцнеле.
Да, се чека, отприлика за недела дена ми стигаат нарачките, а предвиден датум кога правам нарачка обично ми дава за 10 дена. Сега со блек феајдеј и општо сите нарачки доцнат, ама дотогаш мислам ќе ти стигне.
И ние исчистивме даљинско и дезинфициравме, ама не го погледнува, али тоа што пуштаме Маче маче, е тоа му е омилено. И приметивме, а извадиме батерии да не мења нели, не го сака. Сфативме дека уствари сака да му светка сијаличката на даљинското. Затоа шетаме со батерии во џеб и по потреба ставаме. Инаку има на Амазон даљинско гумено, видов кај една инфлуенсерка србинка, купила и џабе, детето пак сакало да си игра со нивното.
Јад купив на Aliexpress сите видови на далинско, мало големо округло коцкасто нц тоа го сака од тв-то и готово. Ако не го добие плачки паѓање у несвест.